Баба диџеј ги прави најдобрите журки на 73 години (видео)
Можеби ќе ви звучи чудно или смешно, но баба Вика Смит е една од најдобрите диџеи во Полска. Има 73 години, слуша многу музика, одлично ја комбинира и прави луди ноќни забави неколку пати во текот на неделата.
Можеби ќе помислите дека пушта музика во некој старечки дом или дека на нејзините забави доаѓаат само пензионери, но ќе се изненадите.
Таа пушта во ноќни клубови кои се исполнети најмногу со млади луѓе, но секогаш има и по некој нејзин врсник кој одлично се забавува и ужива.
Баба Вика случајно почнала почесто да слуша различна музика, современа и од онаа што ја слушаат младите, а ѝ се допаѓала и работата на диџеите во клубовите и оние кои ги гледала на телевизија и интернет.
Обожава да прави миксови од џез, блуз, рок и реге. Знае да ги комбинира реге звуците со музиката на Нирвана.
Секој би можел да го пронајде она што сака да го слуша и да си помине одлично.
Годините воопшто не ѝ се проблем и иако има 73, таа се чувствува како да има 25 години. За неа музиката нема граници и ќе го прави ова додека има желба.
Погледнете какви забави прави оваа бабичка: