5 позитивни карактеристики на песимистите

Борбата помеѓу оптимизмот и песимизмот е секогаш нерешена. Дали е подобро да си оптимист или песимист? Дали е подобро да ја гледаш чашата полуполна или полупразна?

5-pozitivni-karakteristiki-na-pesimistite-01

Некои викаат дека оптимизмот им носи позитивни работи, а некои се убедени дека подобро е да не се надеваш премногу за да не бидеш разочаран.

Тоа има смисла. Затоа се откриени овие 5 карактеристики кај песимистите кои им носат позитивен исход во секојдневните ситуации.

Се надеваат на добро, но се подготвени за најлошото

Убаво е да сме уверени дека позитивните мисли ни носат само убави работи, но не е секогаш така. Има ситуации во кои не можеме да влијаеме врз работите. Затоа е добро да имаме надеж за убавите работи, но и да сме свесни за можноста да ни се случи најлошото. Тоа го прават песимистите, па така го избегнуваат неочекуваното страдање.

Благодарност

Понекогаш песимистите мислат дека не го заслужуваат тоа што го добиле според својата заслуга или како неочекуван подарок. Затоа се благодарни за се што ќе им се овозможи. Тоа е позитивна карактеристика. Песимистите може да ги изненадите и со најситен подарок кој на нив ќе им значи многу.

Не им веруваат на луѓето

Паметно. Бидејќи не препознаваат дали некој човек е искрен или не, тие не веруваат никому, за да не бидат разочарани. Доколку некој се покаже како вистински пријател, тие ќе бидат благодарни што го имаат. Ќе направат се за да го задржат покрај себе, мислејќи дека нема да најдат друг.

5-pozitivni-karakteristiki-na-pesimistite-02

И покрај тоа, тие се искрени

Иако не им веруваат никому, тие се искрени. Не сакаат да бидат како останатите лажни оптимисти кои се скриени под наметката на стравот од најлошото. Доколку се чувствуваат лошо, ќе побараат помош од вас, нормално не очекувајќи да им помогнете.

Иако чашата секогаш е полупразна, тоа за нив е позитивна работа

Полупразната чаша за песимистите претставува вистинска среќа. Се прашувате зошто? Тие се трудат повеќе околу својот живот, иако сите го мислат спротивното. Нивниот песимизам ги бодри да се стремат кон успех, преку дела и напори. За разлика од оптимистите кои мислат дека со позитивните мисли ќе го освојат светот.

Сепак, кога подобро ќе размислиме песимистот е всушност оптимист со големо искуство.

Се согласувате?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg