Крвната група го одредува вашиот карактер
Чудно, но вистинито. Истражувачите покажаа дека во зависност од крвната група, луѓето имаат одредени заеднички карактеристики.
Се разбира, однесувањето го стекнуваме преку интеракција со животната средина, но темпераментот го имаме од раѓање.
Какви сме ние како индивидуалци и како се однесуваме, сепак одредува нашата крвна група. Исто како хороскопот, не е компатибилен за сите, но има заеднички карактеристики кои го одбележуваат секој знак.
Тип Нулта - крвта на лидер
- На прв поглед овие луѓе изгледаат како непробојна тврдина, таинствени и затворени.
- Во суштина се слатки и романтични, но вешто го кријат тоа. Динамични, активни се и не се плашат од ништо.
- Успешно се справуваат со тешкотиите во животот, предвреме предвидувајќи го ризикот.
- Поседуваат лидерство во себе. Не прифаќаат критики и се арогантни.
- Имаат активен сексуален живот.
Тип А - совршен глумец
- Отворени и секогаш пријателски настроени, ова се алатките со кои манипулираат.
- Пазат на изразувањето. Бараат перфекција на секое поле.
- Ги кријат своите чувства и поради тоа се често вознемирени и под стрес.
- Ценети се заради својата искреност, воочуваат детали и се тимски играчи.
- Не простуваат неверство.
Тип Б - мистериозни личности
- Тешко е да го дешифрирате нивниот карактер, а нивните чувства уште помалку.
- Интересни се поради нивната мистериозност.
- Добри пријатели и независни луѓе.
- Оригинални, креативни, енергични, но променливи како времето.
- На професионално поле не се тимски играчи иако по природа го сакаат дружењето.
- Поседуваат шарм и магнетизам. Живеат за моментот и уживаат во сексот.
Тип АБ - дволични личности
- Деликатни и чувствителни, кои прават лажна слика за себе за да се заштитат.
- Одат во крајности.
- Секогаш се во центарот на вниманието, ја сакаат забавата и често го менуваат своето лице, зависно од друштвото во кое се наоѓаат.
- Родени дипломати, приспособливи на промени. Динамични се и не сакаат неактивни луѓе.
- Во љубовта сакаат да бидат освојувани и никогаш не го прават првиот чекор.
- Стравуваат од осаменост.
Која е вашата крвна група?
Би можело да ве интересира:





