Што открива вашата коса за вас?
Според психолозите, сигналите кои ги испраќаме несвесно при допирање на нашата коса ги издаваат нашите чувства и мисли.
Прочитајте што откриваат вашите гестови:
Си играте со прамен околу прстот
Доколку често ја мотате својата коса околу прстите, мислите дека држите се под контрола, а всушност сте под стрес и нешто ве вознемирува.
Пробајте да ги надвладате напнатите ситуации и не ја потиснувајте нервозата. Таа негативно се одразува врз вас, а и врз вашата коса. Доколку постојано ја допирате, на неа нанесувате бактерии, прашина и нечистотии.
Ја зафрлате косата
Постојаното зафрлање на косата или поправање на фризурата, зборуваат дека вам ви е поважен физичкиот изглед отколку настаните кои ве опкружуваат.
Дали сакате да оставите впечаток на самобендисана личност? Секако дека не, затоа сконцентрирајте се на тоа што го зборуваат луѓето околу вас и посветете им поголемо внимание.
Ја грицкате косата
Вие сте оптеретени со проблеми и не сакате да превземате одговорност за вашите постапки.
Не си наметнувајте премногу обврски и бидете поспонтани. Помалку ќе ја грицкате косата и ќе се чувствувате подобро.
Барате оштетени врвови
Најверојатно се работи за перфекционист, кој е во здодевен период од животот и нема авантура.
Фатете ја косата во опавче и прифатете го првиот предизвик кој ќе ви се пружи!
Користите средства за обликување пречесто
Се работи за личност која сака да е во центарот на внимание постојано. Во суштина , овие луѓе имаат добра душа и поседуваат страв од отфрлување и неуспех.
Почнете да верувате повеќе во себе, во вашите способности. Вежбајте ги комуникациските вештини.
Се пронајдовте?