26 работи кои пропуштив да ги научам во овие 26 години

Сите овие години пропуштив еден куп корисни нешта. Не ми е жал, само констатирам. Но факт е, сè уште ми недостасуваат...

26-raboti-koi-propustiv-da-gi-naucam-vo-ovie-26-godini-01

1. Никогаш не научив да не ги преценувам луѓето. Отсекогаш се воодушевувам како будала и малку подоцна се разочарувам.

2. Не научив да ги пуштам работите. Кога еднаш ќе се воодушевам, запнувам како бик, иако сум изморена. Доследноста ме убива.

3. Фундаментално сум глупава за математика. Никогаш не знам да пресметам каква корист ќе имам од некоја ситуација, позиција, момент...

4. Никогаш не научив да премолчам на некое прашање. Настојувам да дадам точен и прецизен одговор, за да ми го одбијат истиот од глава, по само неколку минути.

5. Исто така неспособна сум за селективно интересирање. Го преполнувам мозокот со неважни информации, секојдневно.

6. Не умеам да се докажам. Да, некогаш имам точни и кратки одговори, сè додека не ми се постави прашањето „е од каде знаеш?“ А, ако се работи за спорна тема од филозофско-психолошки карактер...

7. Многу работи не знам. На пример, не знам да готвам. И кога сакам да се придржувам по рецептот, мора некоја состојка да ми недостасува. Така моето мајсторство се претвора во интуитивно готвење.

8. И колку и да се борам да ги обликувам своите маски, не ми успева.

9. Не научив да се продадам, во смисла, да ги истакнам своите заслуги.

10. Не научив да молчам. Дискрецијата ми е слаба страна.

11. Нити научив да лажам како што треба. А, не сте свесни ни вие колку пати сум се обидела. По некое непишано правило, секогаш сама си ги издавам лагите.

12. Наивна сум. Верувам дека зборовите кои сите ми ги кажуваат ја имаат вредноста која ја слушам. И знаете, тоа не е некоја предност, само е полесно.

13. Непроменлива сум. Можеби затоа што не сум расипана, па многу тешко напредувам.

26-raboti-koi-propustiv-da-gi-naucam-vo-ovie-26-godini-02

14. И колку и да не сакам да си признам, арогантна сум. Никогаш не научив како да ја сокријам острината на погледот.

15. И понатаму слепо верувам во слобода. Луѓето се борат за неа, а јас сум убедена дека секојдневно ја живеам. Убедена сум дека до ден денес дишам чист кислород.

16. Се згрозувам од помислата дека ова е врвот кој можам да го достигнам, да го освојам. И постојано ги барам скалилата кон небото.

17. Не можам да престанам да делам љубов од самиот почеток.

18. И не научив да се помирам дека за возврат нема да ја добијам истата.

19. Не научив да го затворам изворот на болка или барем да престанам да се потсетувам дека постои.

20. Не успеав да пронајдам резерва. А, никако да го потрошам она безрезервното што го имам.

21. И секогаш паѓам на истите замки.

22. Никогаш никој не ме сакаше онака како што посакував. Што и не е сосема вистина. Никогаш никој (кого јас силно го сакав) не ме сакаше онака како што посакував.

23. Живеам за љубов, а останувам гладна за неа.

24. Се ми станува досадно. Нема нешто што до крај ме интересира. Никогаш не научив како да си го насочам вниманието, за да остане постојано.

25. Да живеам во моментот е нешто што никогаш не научив. Моментот е само една рамна, безживотна линија, а јас сум убедена дека можам многу повеќе.

26. Сè уште не научив да летам.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg