Кусур од 20 кралски пени
Британецот Лојд Хеферман (38) бил со пријателите во паб во Питербор, а кога ја платил турата пијалоци, келнерот му вратил кусур во кој што нашол...
...исклучително вредна кованица од 20 пени.
Кралската ковачница на монети по грешка пуштила во оптек 200 илјади парчиња од тие парички без втиснат датум, што се случува за прв пат во последните 300 години.
Поради новиот дизајн, на монетата по грешка била втисната нова “глава“ и старо “писмо“, така што кованицата останала без датум.
На eBay преку аукција се продадени повеќе такви кованици, а една постигнала цена од неверојатни 10 илјади фунти.
Хеферман бил воодушевен од откритието и веќе добил неколку понуди, но не сака да ја продаде монетата.
“Слушнав за таа кованица на вестите и баш зборував со пријателите колку би било супер да најдам една“, вели Хеферман.
Иако има 200 илјади, мали се шансите да се налета на некоја од нив, затоа што во оптек во моментот има 3,2 милијарди парчиња кованици од 20 пени.