Ги знаете ли границите на човечката издржливост?

На сите ни се познати приказните за луѓето кои преживеале куршум во глава, пад од огромна висина и повреди за кои не биле свесни повеќе месеци. Колку всушност сме силни? Или, подоброто прашање - Колку сме вистински слаби?

gi-znaete-li-granicite-na-coveckata-izdrzlivost-01

Експериментите кои се остварени низ вековите ни помогнаа да добиеме значајни одговори на овие несекојдневни прашања.

Кои промени може да ги поднесеме?

Издржливоста секогаш се разликува по личните карактеристики. Некои полесно поднесуваат ниски, некои повисоки температури. Некои луѓе полесно издржуваат без воздух, некој пак без вода.

Но, ако ги генерализираме сите досегашни податоци, издржливоста на просечниот човек би изгледала вака:

4.4°C - По 30 минути поминати во студена вода од 4.4°C, настанува хипотермија

149°C - Човечкото тело умира од топлина

На висина од 4572 метри - Умирате од недостаток на кислород.

Иако светскиот рекорд е 86 метри, поголемиот број на луѓе ќе се удават ако нуркаат во длабочина над 20 метри.

Без кислород ќе ја изгубите свеста по околу 2 минути.

По 45 дена минати без храна ќе изгубите 30% од телесната тежина, при што настапува смрт. Но, не заради гладувањето, туку заради болест предизвикана од ненадејната промена во телото.

7 дена без вода и сигурно ќе дехидрирате.

По губење на 40% од крвта, смртта е неизбежна.

gi-znaete-li-granicite-na-coveckata-izdrzlivost-02

Колку долго можеме да останеме будни?

Познати ви се случаите во кои пилотите заспале зад воланот и така ги срушиле авионите кои ги возеле 3 дена без сон? Факт е едека по само еден ден пропуштен сон способноста за возење е еднаква со возењето во пијана состојба.

Рекордер во намерното неспиење е поставен уште во далечната 1965 година, кога едно 17 годишно момче останало будно цели 246 часа, околу 11 дена.

А, која би била смртната граница?

26-годишен Кинез наводно починал по 11 непреспани ноќи, во обид да го изгледа секој натпревар на Европскиот куп. Но, бил под влијание на алкохол и цигари, така што потешко е да се утврди вистинската причина за смрт.

Сепак, ниту еден рекордер не може да се спореди со 66-годишниот старец кој добил грозница во 1973 година и од тогаш никогаш не заспал, повеќе од 39 години. Медицински лекови, народни лекови, алкохол, ништо не му помогнало да заспие.

Дури во 2006 година изјавил дека почнува да се чувствува како билка без вода.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg