Само 12 правила ве делат од бесконечна среќа

Фактот дека живееме во екстремно стресна околина секој ден е сè поочигледен. Дури и без оглед на тоа, стресот не е ништо ново - тој е со нас веќе неколку години наназад.

samo-12-pravila-ve-delat-od-beskonecna-sreka-01

Баш затоа, ви подготвивме неколку интересни предлози и правила кои ќе ви помогнат да се ослободите од напорниот сопатник во животот.

Само 12 правила ве делат од бесконечната среќа:

1. Одлучете да бидете среќни. Научете да го пронајдете задоволството во едноставните работи.

2. Извлечете го најдоброто од дадените можности. Никој не поседува сè што посакува, време е тоа да го разберете.

3. Не се сфаќајте пресериозно. Тоа додатно ве оптоварува.

4. Не ги зeмајте при срце критиките. Не можете да му угодите на секој човек кој ќе го сретнете.

5. Не дозволувајте другите да ви ги одредуваат стандардите. Зошто да не ги предизвикате сопствените граници и стравови, наместо да ги задоволувате туѓите очекувања?

6. Занимавајте се со работи во кои уживате, но не се задолжувајте. Умереноста и рационалноста се најважни.

samo-12-pravila-ve-delat-od-beskonecna-sreka-02

7. Не ги позајмувајте проблемите. Измислените работи потешко се поднесуваат отколку реалните.

8. Не одгледувајте непријатели. Омразата ја труе душата. Избегнувајте ги оние кои ве прават несреќни.

9. Негувајте ги интересите. Ако не можете да патувате, читајте патописни книги. Важна е желбата!

10. Не губете време размислувајќи и жалејќи се за грешките. Тоа не ве води никаде.

11. Не бидете злопамтило. Ниту онаа личност која никогаш не простува.

12. Секогаш бидете продуктивни. Бидете активни. Зафатените личности немаат време да бидат несреќни.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg