25 работи кои треба да ги знаете додека наполните 25 години

Секоја година учиме нешто ново, стануваме позрели и се менуваме. Но некој години знаат да бидат навистина пресвртни премини од една доба во друга.

25-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-dodeka-napolnite-25-godini-01

Периоди кога треба да размислиме за себе и својот живот, да поставиме нови правила и да направиме преуредување.Токму таков период кога сфаќате многу работи се вашите 25  години. До тогаш треба да научите барем 25 работи.

1.Треба да знаете како паметно да ги избирате пријателите и дека не е можно да ги задржите сите

Во текот на целиот живот постојано запознаваме луѓе и се спријателуваме. Но, само мал дел од нив се оние кои ќе бидат покрај нас и во добро и во лошо. Мора да прифатите дека не може сите да ги задржите.

2. Вашите родители ви изгледаат „покул“ од пред 10 години

Додека растевте сигурно постојано се расправавте и не се согласувавте со родителите. Но,  односот кој го градите со нив во дваесеттите години е многу поинаков. Сфаќате дека полека стареат и го почитувате секој момент поминат со нив.

3. Останувањето дома со друштво може да биде исто забавно како и излегувањето во дискотека

Поминаа деновите кога за единствена забава го сметавте излегувањето до рано изутрина и поминувањето на 2-3 места во текот на ноќта. Сега знаете да уживате и во домашна атмосфера со чаша вино и најблиските пријатели.

4. Најверојатно 23-тата година ви беше клучна и најпресвртна

Тоа е оној момент кога веќе сфаќате дека навистина немате веќе 20 години, најверојатно сте го завршиле факултетот и време е да влезете во светот на возрасните.

5. Треба да знаете да кажете „Не“!

Треба да знаете да ги одредите своите приоритети и да не отстапувате често од нив. Мора да научите да кажете „Не“ на вечерното излегување на сред недела, ако следниот ден сте на работа. Мислете на себе.

6. Треба да имате свој стил и да знаете да го уредите својот простор

До 25-тата година важно е да имате изграден стил по кој ќе бидете препознатливи и ќе оставите свој личен печат по кој ќе бидете препознавани. Вашето место, треба да го уредите така што ќе одговара на вашите потреби, а истовремено ќе се забележува вашиот стил.

25-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-dodeka-napolnite-25-godini-2

7. Треба да почнете да се грижите за своето здравје

Процесот на созревање и стареење е нормален. Треба да прифатите дека не може да изгледате вечно млади. Иако сè уште изгледате така, добро е на време да почнете да се грижите за своето тело, да вежбате и да се храните здраво, за да не зажалите кога веќе ќе биде доцна.

8. Треба да знаете дека е во ред понекогаш да бидете себични

Ако е во прашање вашата среќа, во ред е да бидете себични. Правете го она што вас ве прави среќни, а не да се жртвувате за другите додека вие сте тажни или нервозни.

9. Сигурно знаете колку е убаво да отпатувате за да го видите светот

На 25 години веројатно имате доволно храброст и одлучност за да ја напуштите удобната зона од дома и да тргнете да го запознавате светот и да се снаоѓате во него.

10. Почнуваат свадбите на твоите најблиски пријатели

Дури и ако не сте во врска или не се работи за вашата свадба, чувството кога се венчаваат вашите најблиски пријатели е навистина посебно.

11. Веројатно веќе знаете како да управувате со парите

Додека одевте во училиште сигурно не се грижевте дали ќе заштедите од парите што ви ги даваат родителите. Додека не наполните 25 или додека не почнете да заработувате нема да сфатите како се планираат парите. А кога тоа ќе го сфатите, ќе имате добра причина да прославите.

12. Квалитетно потрошените пари се одлична награда за напорната работа

Ако постојано напорно работите, се трудите и се вложувате, нема поубаво чувство кога на крајот од заработените пари ќе можете да си го дозволите скапиот капут или патувањето во некоја земја.

Уште 13 работи што треба да ги знаете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg