25 работи кои треба да ги знаете додека наполните 25 години
13. Имате граница и мерка колку пиете
Деновите и ноќите на неограничено пиење и забави се зад вас. Точно знаете колку може да поднесе вашиот организам и не ги поминувате границите, бидејќи сте свесни за последиците следното утро.
14. Доколку имате автомобил, совесно го користите
Нема лудо возење, трошење на горивото низ градот. Рационално го употребувате и знаете како да се грижите за него или на кого да го доверите.
15. Свесни сте дека ако сакате сериозна врска, треба да се потрудите малку повеќе
Знаете дека не едноставно да најдете некој кој ќе ве надополнува и ќе ви одговара потполно. Знаете дека љубовта нема тукутака да ви дојде на врата и дека треба да се потрудите малку повеќе.
16. Исто така знаете и дека е во ред да бидете сами
Иако сте сами мора да научите да се носите со тоа, да се запознаете вистински себе и да знаете што барате.
17. Веќе знаете дека раскинувањата се болни, но знаете и како да се справите со тоа
Досега сигурно неколкупати во било скршено срцето, сте научиле да ставите одбранбен штит, но и ако ве повредат знаете да го преживеете тоа.
18. Знаете достојно и мудро да се справите со ситуациите
Веќе не сте недозреани тинејџери кои лесно влегуваат во конфликти и расправии. Сега знаете на интелигентен начин да се справите во секоја ситуација.
19. Животот е премногу краток за да се грижите постојано
Кога ќе ги одредите најважните работи во животот ќе знаете за што вреди да дадете поголемо значење и труд, а што е она што треба да го игнорирате и да не трошите ниту време ниту нерви.
20. Знаете дека самодовербата е секси
Нема ништо посекси од самоуверена личност, која знае да се носи со самата себе.
21. Знаете дека понекогаш и тотално непознати луѓе може да направат голема промена во вашиот живот
Откривате дека од сите луѓе може да научите нешто и дека понекогаш и некои непознати луѓе, места, ситуации може да ви го променат животот и тоа го прифаќате.
22. Сфаќате дека е во ред да не знаете сè
Понекогаш треба да си признаете дека не може да знаете сè и дека е во ред да згрешите или да научите нешто ново.
23. Мора да сфатите дека не смеете да ги земате работите здраво за готово
Ништо не е вечно и сè е променливо. Затоа треба да знаете да се носите со промените и да продолжите да живеете на поинаков начин.
24. Треба да знаете дека одбивањето може да ве направи посилни
Понекогаш колку и да сакате нешто или некого, кога ќе бидете одбиени мислите дека се кршите. Всушност, само станувате посилни.
25. На крајот сфаќате дека да имате проживеано четврт век и воопшто не е лошо
Да имате 25 години значи да сте за 25 години попаметни и позрели. Имате изградено стил, став и приоритети, ви останува само да ги дополнувате. Знаете што сакате и како да живеете. Имате цели и може да се препуштите на живеењето. Почитувајте се себе, создавајте спомени и живејте ги моментите.