Кога чоколадото ќе се претвори во луксузна уметност

Во чоколадото уживаме сите, секојдневно! Но, кога ќе дојдете во Белгија, домот на најпрефинетите чоколади во светот, сфаќате дека таа е вистински луксуз, а не потреба како што мислевте.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-01

За поимот haute couture сигурно сте слушнале. Но, знаевте ли дека постои и поим haute chocolaterie?

Ако малку размислите, сигурно ќе погодите.

Баш како што во модата се вреднува секој модел од париска couture куќа, така овие мали ремек-дела се вреднуваат многу повисоко во споредба од чоколадото кое го купувате во најблискиот супермаркет.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-03

Sam Marcolini е сон на секој љубител на чоколадите. Кутијата пралини со негов потпис звучат така слатко и симпатично, но добро упатените хедонисти знаат дека тие се главната причина за сладок банкрот.

Sam Marcolini е предизвикан од креирањето на што посовршени пралини и секојдневно се обидува да одговори на модните предизвици кои бараат богат вкус, детална текстура, но пред сè - помала тежина.

Затоа, неговите пралини тежат само 6 грама. А верувајте, најголем грев кој можете да го направите е да дозволите да ви се растопат низ прстите.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-04

Луксузот не би бил целосен ако не постои третман на највисоко ниво. Кога ќе влезете во модерниот минималистички уреден простор и зачекорите по мекиот црн тепих, ќе ве обземе чувство на луксуз и разгаленост.

Таму ќе ве пречекаат веќе подготвени кутии полни со слатко уживање, а ако преферирате истата да биде наполнета пред ваши очи, тогаш ќе ве послужат продавачи со елитни манири и ритуали.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-06

Ако не ви е доволно, на само неколку метри од Marcolini се наоѓа уште еден чоколаден простор кој какаото го претвора во уметност.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-12

Ако во Marcolini чоколадото го доживеавте како луксуз, тогаш Roger ќе ви докаже дека во чоколадото се крие одлична основа за светски позната уметност.

Скулптурите на оваа чоколадна куќа се големи по неколку метри и тешки повеќе од 80 килограми чисто чоколадо.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-08

Нежната текстура и богатиот вкус е уникатен само затоа што Roger деноноќно патува низ светот во потрага по најфините состојки кои се користат.

Портокалите се директно донесени од Корзика, костените од Турин, неколку годишното виски од Шкотска, а чоколадните truffles се комбинација од какао семки од Еквадор и Вануату.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-07

И додека размислувате што од сето ова да пробате на својата прва дегустација, ние ви ги препорачуваме rochers потопени во чоколадно couverture или noisettes од диви лешници потопени во крцкава карамела и црно чоколадо.

А, желбата за нешто егзотично и до сега недоживеано задоволете ја со неверојатнa комбинации од лимета и босилек, Guinness пиво и виски и никако не го пропуштајте вкусот на маракујата.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg