Кога песна ќе трогне 4-годишнo дете до солзи! (видео)
Понекогаш возрасните знаат да ги рефлектираат емоциите преку децата. Тие се премногу млади за да ги доживеат и искусат и понекогаш се чини дека навистина чувствуваат нешто кое кај нив предизвикува реакции кои ние не можеме да ги разбереме.
Ова 4-годишно момче Џексон покажува толку искрени и силни чувства, кога се расплакува само од мелодијата на една љубовна песна, која според текстот и приказната е навистина тажна, но момчето е премногу мало за да ја доживее на вистински начин.
Емотивната балада „Say something“од дуото A Great Big World,зборува за невозвратена љубов.
Импресивно е како момчето се соживува со тоа и почнува да плаче, како него да му се случува.
Дали се работи за емпатија или само мелодија која му буди тажни чувства, погледнете во видеото.
Барем за момент додека го гледате, ќе ви дојде да заплачете.