Уметнички дела со техника повраќање?! (фото + видео)
Уметницата Мили Браун има 28 години и специјална техника на сликање.
Таа се изгладнува два дена за да нема ништо во организмот што би се измешало со боите, пие обоено млеко и го повраќа врз платно.
Од секоја боја има по една полна чаша, а повраќањето го предизвикува самата.
Обоената течност која излегува од нејзината уста зависно од висината и количината прави различни апстрактни форми на платното.
Мили прави паузи помеѓу различните бои, за да го одмори телото и за организмот да ѝ се прочисти од претходната боја и да може да внесе нова боја.
Оваа техника таа ја применува од 2005 година. Учествува дури и во спотот на Лејди Гага за песната „Exorcist Interlude“.
Внимавајте, ова не е за оние со слаб желудник!
Погледнете како го прави тоа: