Зага продукција: Како да го изберете идеалниот фотограф за вашата венчавка?

Нивниот тим е вечна инспирација, а нивните фотографии и видеа се најубавите спомени кои младенците може да ги имаат од свадбениот ден. Браќата Бојан и Далибор Митковски веќе 10 години стојат зад најубавите свадбени приказни.

zaga-produkcija-kako-da-go-odberete-idealniot-fotograf-za-vasata-vencavka-01

Токму затоа, ги распрашавме за неколку искуства, препораки и насоки кои веруваме ќе им бидат од голема помош на идните невести и младоженци.

1. Постои ли тајна за изработка на добри свадбени фотографии?

Секако дека има тајна, во спротивно секој ќе можеше да изработи квалитетни свадбени фотографии.

2. Кој е вашиот совет за младите кои веќе го планираат својот свадбен ден?

Нашиот совет е да си ангажираат способен организатор на свадби, а доколку имаат време самите да си ја планираат својата свадба. Најдобро е пред да почнат со било какво планирање да одлучат што им е најважно за нивниот најубав ден.

3. Како се снаоѓате со срамежливите парови или оние кои за прв пат застануваат пред објектив на професионалци?

Се снаоѓаме одлично, бидејќи квалитетот на фотографиите и видеото не зависи од нивната срамежливост, туку тоа зависи од нас. Ако си професионалец знаеш како треба да ја завршиш работата.

4. Кој ги одбира дестинациите и местата на кои настануваат фотографиите? Дали младенците знаат да го одберат вистинското место или идеите се ваши?

Ние во заедничка консултација со младенците. Младенците некогаш знаат да одберат добра локација, но некогаш не, затоа сме ние тука да ги советуваме за да се добие најдобар резултат од сето тоа.

5. Која е најголемата грешка која брачниот пар може да ја направи, при изборот на фотограф?

Да заштеди на избор на фотограф, последиците ќе ги видат на крајот кога е сè веќе готово.

6. Минатата година ја имавте најубавата свадбена приказна во Европа. Колку ваквите признанија ве мотивираат да се усовршувате? Дали би заминале од Македонија доколку ви се пружи шанса да работите на поголеми проекти во странство?

Признанијата се огромна мотивација за нашето усовршување, но најголема мотивација се нашите клиенти. Секако доколку нè повикаат да работиме на поголеми проекти во странство, би заминале, но сите имаме само еден дом, а тоа за нас е Македонија.

7. На колку свадби до сега сте фотографирале и снимале? Имате ли точна бројка? Кој е просекот годишно?

Немаме точна бројка, во минатото имавме повеќе свадби годишно, но откако квалитетот ни стана приоритет, бројката на свадби се намали, а планираме секако и уште повеќе да ја намалиме, со што би требало да надокнадиме со уште подобар квалитет за нашите клиенти

8. Традиционална или модерна свадба?

И традиционална и модерна, секоја свадба своја убавина. Приказната е онолку голема. колку што е голем раскажувачот.

9. Продолжете ја реченицата: „Нашите омилени младенци се...“

Сите младенци кои сакаат да имааат убави спомени од нивната свадба.

10. Како успевате да останете на врвот и покрај огромната конкуренција?

Посветеност, одговорност, точност и љубов кон работата.

11. Ќе сакате ли да споделите со нас и нашите читатели 10 од вашите омилени фотографии и 1 омилено видео?

Би можело да ве интересира:

Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg