Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бенките ја откриваат вашата судбина: Дали сте обележани за успех или за љубов во животот?

Кинезите веруваат дека бенките на нашето тело може да ја откријат нашата судбина во зависност од бојата, големината и позицијата на телото.

benkite-ja-otkrivaat-vasata-sudbina-dali-se-obelezani-za-uspeh-ili-za-ljubov-vo-zivotot-01

Откријте дали ви претстои живот исполнет со успеси, живот на пат, среќен брак, успешна кариера или тешкотии во работата или љубовта.

Бенки на лицето

benkite-ja-otkrivaat-vasata-sudbina-dali-se-obelezani-za-uspeh-ili-za-ljubov-vo-zivotot-02

Позиција 1-3

Сте биле бунтовник во детството. Имате вродена креативност и најдобро функционирате кога имате слобода. Ако имате бенка на овие позиции, најмногу успех може да имате какао претприемач, односно да бидете сам свој газда. Ќе ве следи среќа доколку одлучите да почнете сопствен бизнис.

Позиција 4

Многу сте импулсивни, харизматични и енергични. Но, стануваат збунети кога пред вас се наоѓаат повеќе опции. Тврдоглави сте, но тоа не ве држи долго. Сакате цврсто да ги арументирате своите ставови. Бенките на овие позиции покажуваат дека сте многу темпераментни.

Позиција 5

Бенките над веѓите значат дека среќата ве следи кога се работи за финансискиот успех, но за да го постигнете мора да работите многу повеќе од некои други. Паричното богатство мора внимателно да го чувате бидејќи во вашето опкружување постојат луѓе кои ќе се обидат да ве изманипулираат и да ви го одземат заработеното богатство. Луѓето кои имаат бенки на оваа позиција не треба многу да им веруваат на луѓето. Следете ја својата интуиција и бидете внимателни. Никогаш не дозволувајте други да ви ги контролираат финансиите.

Позиција 6

Бенките на оваа позиција укажуваат на интелигенција, креативност и уметнички вештини. Вашиот талент за уметност може да ви донесе богатство, слава и успех. Богатството ви следува кога ќе сфатите дека би требало да го следите срцето и да го отфрлите конвенционалниот начин на размислување. Успехот ви следува само доколку сте доволно храбри.

Позиција 7

Бенките под веѓите укажуваат на расправии во пошироката фамилија кои ќе ви донесат немир и несреќа. Несогласувањата во семејството ќе влијаат на вашата енергија и вашата кариера. Неопходно е да ги решите сите внатрешни проблеми пред да започнете да напредувате во животот.

Позиција 8

Оваа позиција не е позитивна. Финансиската ситуација секогаш ќе ви биде проблематична поради вашата потреба да трошите повеќе од тоа што е потребно. Имате предиспозиции да станете коцкари. Важно е да знаете кога треба да запрете. Личностите со бенки на оваа позиција имаат тенденција да флертуваат како со спротивниот пол така и со личностите од истиот пол. Контролирајте се како го користите вашиот шарм, бидејќи може да ве вовлече во проблеми.

Позиција 9

Оваа позиција укажува на сексуални проблеми. Ова е многу лоша позиција за бенка и според верувањето би требало да ја отстраните. Бенката на оваа позиција носи голем број проблеми.

Позиција 10

Бенката на оваа позиција носи многу среќа кога е во прашање семејството. Личностите со бенка на оваа позиција ќе имаат многу деца. Вашето семејство ви овозможува финансиска и емотивна поддршка. Емотивно сте многу задоволна личност.

Позиција 11

Бенка на оваа позиција укажува на болести. Се верува дека бенката на оваа позиција треба да ја отстраните, особено ако е потемна и голема.

Позиција 12

Бенката на оваа позиција укажува на успех и урамнотежен живот. Оваа позиција на бенката носи богатство, но и слава. Иако имате склоност да живеете на висока нога, ќе бидете многу задоволни со вашите семејни односи. Жените со бенка на ова место се многу убави и ќе ги следи среќа во животот.

Позиција 13

Децата ќе ви претставуваат грижа во животот. Н сте или нема да бидете во добри односи со вашите деца. Немате многу опции на располагање освен да бидете толерантни.

Позиција 14

Бенката на оваа позиција укажува на чувствителност на храна. Алергични сте на храна. Јадете повеќе од она што би требало.

Позиција 15

Вие сте личност која сака промени. Секогаш сте подвижни и често го редизајнирате или реновирате домот. Сакате новитети, да запознавате нови друштва и да патувате на нови места. Многу сте несреќни кога се задржувате подолго време на едно место. Имате авантуристички дух.

Позиција 16

Мора да бидете внимателни кога станува збор за храната и сексот. Тоа се вашите најголеми проблеми. Тргнете се од проблемите со килограмите, бидејќи тоа ве прави депресивни. Сакате романтика и склони сте во еден момент да имате повеќе сексуални партнери. Имајќи предвид дека сте морална личност, таквите љубовни и сексуални авантури ќе ви донесат грижа на совест што може да ви предизвика стрес.

Позиција 17

Многу сте друштвени и вербално надарени. Постои можност да го извалкате вашето име ако не бидете скромни кога е во прашање вашиот животен успех. Немојте да се фалите себе. Многу лошо ќе се чувствувате ако ве отфрлат луѓето, а друштвото ви е од големо значење.

Позиција 18

Вие сте личност која е секогаш во движење. Оваа позиција укажува на чести и долги патувања. Мора да бидете многу внимателни кога патувате, бидејќи бенката на ова место означува дека треба да останете дома.

Позиција 19

Имате многу среќа во парите и имате многу добри пријатели. Вашата слаба точка е тоа што потпаѓате под влијание на спротивниот пол. Ова место на бенката може да ви донесе проблематични ситуации во животот.

Позиција 20

Бенката на оваа позиција може да ви донесе голема среќа или голема несреќа. Оваа бенка може да ви донесе огромна слава или неверојатна несреќа. Многу сте интелигентни и изразена е вашата креативност. Вашите таленти може да ги манифестирате на позитивен или негативен начин. Имате меморија како слон и не простувате лесно.

Позиција 21

Бенка на оваа позиција означува успех и слава во животот.

Позиција 22

Среќата ве следи низ животот и сè ви оди лесно. Може да се прославите во спортот, ако тоа е ваша цел. Оние кои имаат бенка на крајот на веѓите се моќни и авторитетни. Бенката на оваа позиција е поволен за директори во управни одбори или големи претпријатија.

Позиција 23

Имате многу висок коефициент на интелигенција во теоретска и практична смисла. Многу сте борбен и и вашиот живот ќе биде многу исполнет. Ќе бидете активни до крајот на животот и вашето семејство и пријателите ќе бидат покрај вас до самиот крај.

Позиција 24

Бенката на оваа позиција укажува на успех и слава уште во рани години. Се советува тој успех да се искористи за да си обезбедите животи со бенката на оваа позиција може да имате тешкотии во подоцнежните години од животот.

Позиција 25

Личностите со бенка на оваа позиција имаат успех и среќа во животот, но треба д асе оттргнат од претерувањата. Задржете ги вашите традиционални ставови и обезбедете си сигурна и среќна иднина.

На страна 2 прочитајте за бенките на предниот дел од телото:



Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg