Можеби веќе сте среќни, без да бидете свесни! Проверете!

Среќни сте ако покрај себе имате пријатели, здрава врска, ја слушате омилената музика и не се потресувате за ситници.

mozebi-veke-ste-srekni-bez-da-bidete-svesni-proverete-01

Колку пати до сега сте слушнале дека среќата е во малите работи? Дури и сте се согласиле со таа реченица, а повторно сте помислиле дека само луксузно патување може да ве расположи. Можеби цело време сте среќни, а за тоа не сте свесни.

Постојат 7 сигурни знаци кои ви покажуваат дека сте среќни. Проверете ги!

1. Не се потресувате за мали работи

Само што сте го пропуштиле возот? Ви се истурило кафе? Не е важно. Ако се фокусирате на она што е важно и не размислувате опсесивно за малите работи, тоа е знак дека ментално сте во добра состојба. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се фокусираат на убавите моменти и ги игнорираат ситните незадоволства се посреќни.

2. Ги цениш малите работи

Нема подобро чувство од тоа кога ќе ја слушнеш омилената песна на радио или кога шеташ и ги слушаш птиците кои пеат. Малите работи се оние кои го прават животот, а среќни сте ако тоа о препознавате. Ако сте благодарни за малите работи кои ве насмевнуваат, тоа е добар знак.

3. Горди сте и на туѓиот успех

Кога некој е среќен, не само што ужива во своите успеси, туку и во туѓите. Колку повеќе го цените туѓиот успех, толку тоа се одразува и на вашата среќа.

mozebi-veke-ste-srekni-bez-da-bidete-svesni-proverete-1

4. Живеете во моментот

Среќните луѓе живеат во моментот и знаат дека токму тоа е клучот за среќа. Истражувањата покажуваат дека луѓето се помалку среќни кога почнуваат да размислуваат за минатото или иднината. Искрено среќни се дури тогаш кога размислуваат баш за она што го прават во моментот.

5. Имате здрава врска (не само со партнерот)

Среќната личност знае дека клучот на среќата не се работите, туку луѓето. Физичката и психичката интимност се подеднакво важни за убав живот. Истражувањата се покажале дека среќниот брак нè прави среќни, но и дека најмногу уживаме кога околу себе имаме широк круг пријатели со кои имаме здрав однос полн со позитивни искуства.

6. Имате брат или сестра

Можеби не мислите дека вашите помлади браќа или сестри се ваш извор на среќа или дека постарите имаат позитивно влијание, но истражувањата се покажале токму такви. Оние кои имаат брат или сестра се посреќни од оние кои немаат.

7. Ако лесно стекнувате нови пријателства

Луѓето сакаат да бидат опкружени со оние кои прават да се чувствуваат добро и затоа толку ги привлекуваат. Луѓето природно се обидуваат да се поврзат со среќни личности, бидејќи тоа го зголемува нивното ниво на среќа.

mozebi-veke-ste-srekni-bez-da-bidete-svesni-proverete-2

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg