Фотографии кои ви го гушкаат срцето и ви предизвикуваат насмевка
Прегратка плус е секогаш добредојдена. Фотографиите на кои минијатурните глувчиња во прегратка со своите кадифени мечиња зрачат со огромна љубов.
Кога ги гледате сигурно посакувате и вие да бидете прегрнати или да ги погалите и прегрнете нив.
Овие мали животинчиња се домашни миленичиња на две жени фотографки кои меѓусебно не се познаваат, живеат во различни земји, но случајно имаат слична идеја за да ги фотографираат своите глувчиња со нивните омилени играчки.
Џесика Флоренс од Велика Британија и Елен ван Дилен од Холандија овие фотографии ги изработуваат и објавуваат уште од 2008 година, а со оглед на тоа колку се споделувани од оние кои ги следат на социјалните медиуми, тие се навистина популарни. Успешно ја шират љубовта и ги разубавуваат деновите на многумина.
Кога ви недостига нежност, убава мисла, топлина, блага насмевка и љубов, а не сте во можност да ја добиете од некој, доволно е само да ги погледнете овие фотографии кои ќе ви го освојат срцето.