Вистинска приказна: Бесценет подарок од таткото за ќерката
Еден татко 13 години криел тајна од неговата ќерка, само за да може да ѝ даде специјален подарок на денот кога ќе матурира.
Кога првпат тргнала во училиште тој ја купил детската книга „Сите места на кои ќе отидеш“ од д-р Сиус која претставува еден вид сликовница во која низ стихови е напишан завршниот говор на авторот кога тој матурирал.
Еден вид порака за сите кои завршуваат со одреден степен на образование, за сите работи, добри и лоши кои ги чекаат во животот и сите места на кои треба да стигнат.
Главната порака на оваа книга едека животот може да биде совршено избалансиран во кој сè ќе биде одмерено, точно и правилно, но многу е важно помеѓу сето тоа да има многу, многу забава.
Оваа книга била популарна, па таа си мислела дека е само обична книга, без да знае дека нејзиниот татко уште од првиот ден во градинка, па до завршувањето на средното училиште, секоја година работел на ова изненадување.
Во текот на 13 години, тој секоја година ги наоѓал сите нејзини професори, учители, ментори, кои на кој било начин влијаеле на нејзиниот образовен развој, за да напишат по некој збор за неа и да го забележат нејзиниот напредок.
Зборови кои многу значат после поминатите години и кои можеби не ги слушнала од нив, иако на моменти посакувала. Зборови кои може целосно да ја сменат сликата и да ја натераат да си ја види сопствената вредност во очите на другите.
Така, таа добила уникатен подарок во кој го има целиот нејзин развој од првите чекори во градинка до завршната матура и пораките од завршниот говор на авторот како најава за она што ѝ следи во животот. Книга која ѝ покажува што сè постигнала, колку вреди, како другите ја гледаат и колку ја ценат.
Подарок кој нема цена и чија вистинска вредност не може да се замени со нов автомобил или фустан. Подарок кој ја трогнал до солзи.
Понекогаш не е само она што го гледаме од родителите вистинската слика, колку и да ни се чини дека не им е грижа или дека не нè разбираат.
Родителската љубов, особено татковската љубов кон ќерката е нешто посебно вредно и длабоко. Татковците можеби не ја покажуваат толку често и толку експлицитно како повеќето мајки, но еден ваков гест кој доаѓа директно од срцето навистина допира и не остава рамнодушност.
Понекогаш и само тој еден гест може да ја опише сета љубов и грижа која остава без зборови.
Не ја гледајте само површината, бидете трпеливи и ѕирнете малку подобро под завесата, може да откриете тајна вредна цело богатство.
Може да откриете љубов за која треба да сте благодарни повеќе од се на светот. Таа е најголемиот и бесценет подарок кој може да го имате во животот.