Њујорк низ очите на велосипедист (фото)
Уникатен фотопроект направен од дизајнер и фотограф ентузијаст Тим Склајаров.
Тој го истражува градот кој никогаш не спие од перспектива на урбан велосипедист.
Сè, почнувајќи од рекламните светла на Тајм Сквер, преполните улици со возила и минувачи, па до уличките со помалку туристи, а повеќе домови и апартмани, Тим го доловува „Големото јаболко“ од една уникатна перспектива.
Тој ја претставува неговата фотоколекција раскажувајќи дека кога го гледаш градот возејќи велосипед изгледа сосем поинаку отколку кога се движиш по улица или со автомобил.
„Со велосипедот можеш да поминеш многу побрзо низ сообраќајот, во едно минување да забележиш различни луѓе, да отидеш на места каде не поминуваат автомобили, а пешки не би се сетил да ги посетиш“-раскажува Тим.
Велосипедот со поставен апарат е негов водич во авантурите низ градот.
Погледнете како изгледа Њујорк низ очите на велосипедистот: