Сопственик на ресторан со Даунов синдром го оствари својот сон (видео)
Многу е лесно да почувствувате дека некои желби не се доволно вредни за да се потрудите или дека никогаш нема да бидете способни да ги остварите и дека ви е неопходен голем труд.
Но, Тим Харис, сопственик на „Albuquerque’s Tim’s Place“ ресторанот е непобедлив доказ дека тоа малку е она што нè држи назад.
Со помош на неговото семејство и по освојувањето „повеќе медали од Мајкл Фелпс“ на специјалните Олимписки игри, тој си го оствари сонот со отворање на ресторан кој го сакал уште кога имал 14 години.
Гостите таму се третирани како семејни пријатели, со прегратки, убави зборови како „Ве сакам“ и одлична храна.
Тоа ве тера да се запрашате зошто животот не е постојано толку убав, среќен и позитивен?
Зошто ги потиснуваме желбите и се откажуваме од соништата, кога во светот постојат луѓе како Тим и ни покажуваат дека сè е возможно?
Погледнете ја неговата видео приказна