6 чудни психолошки ситуации и зошто се случуваат
Барем еднаш во животот, сигурни сме дека ви се случило нешто психолошки чудно и необјасниво. За да ги избегнете сите дилеми и мислења, ви ги откриваме шесте објаснувања на најчестите психолошки ситуации кои сите сме ги преживеале.
Семантичка заситеност
Сигурно ви се случило некој збор привремено да ви изгуби значење, само затоа што многу често го слушате или употребувате. Да, на сите ни се случило.
Овој феномен се нарекува семантичка заситеност, а научниците открија дека заради честото изговарање на еден збор, мозокот не успева да се поврзе со значењето.
Периферна теорија на емоции
Замислете да сте на кампување, се будите, а до вас се наоѓа огромна мечка, веднаш покрај шаторот. Ако мислите дека ќе почувствувате страв, а потоа срцето брзо ќе ви чуда, грешите. Ќе се случи обратното.
Од некоја непозната причина нашиот организам реагира поразлично. Најпрво срцето ќе започне да ви чука посилно и забрзано, сè додека не го регистрирате и активирате стравот.
Повторување на песни
Во моментите кога некоја песна ќе ви влезе во главата и не можете да ја заборавите, еве какво објаснување може да си дадете. Се работи за феномен кој стручните лица го нарекуваат “црв во уво”.
Се работи за тоа што сте запаметиле само еден дел од песната, а кога ќе го отпеете во главата, во еден момент застанувате без да го знаете продолжението. Но, затоа што нашиот мозок не сака недовршени работи, ве враќа назад од каде што почнавте, сè додека не го откриете крајот на песната.
Лошата вест е што не постои решение за оваа појава.
Задушување на сите сетила
Што мислите дека би се случило ако ве затворат во соба во која нема ниту звук, ниту светло? Ништо? Напротив...
Вашиот мозок не е предвиден за работа во такво опкружување, па брзо ќе започне самиот да измислува звуци и слики. Што значи, ќе бидете сведок на тешки халуцинации.
Овој ефект понекогаш може да биде толку силен, што ретко кој ќе го разграничи она што вистински се случувало, од она што се случувало само во главата.
Реална поспаност која се чини како сон
Знаеме дека се чувствуваме пијано заради недоволно сон. Но, истото може да се случи и ако премногу спиете.
Тогаш мозокот се буни и предизвикува состојба на телото која се објаснува како полу сон, полу јаве. Затоа, посебно важно е во ваква состојба да останете подалеку од сите предмети кои може да ве повредат и да се вратите во креветот, барем уште најмалку половина час, но овој пат со отворени очи.
Лажни сеќавања
Откриено е дека нашиот мозок апсорбира сè што се случува околу нас. А, ако тоа не му успее, тој ќе си вметне неколку детали плус. Токму тогаш се појавуваат тие лажни сеќавања кои делуваат како исценирани.
На пример, кога една жена ќе се убеди себе си дека некое девојче е изгубено, и покрај тоа што никогаш не се случило, нејзиниот мозок продолжува автоматски да ја дополнува приказната. А, кога некој би и кажал дека тоа е само измислена приказна, голема е веројатноста да не поверува.