Супер баба: Најпопуларна баба на интернет, со Твитер профил и тетоважа на 103 години
Американката од Сиетл, Хилда Евелин Котман има 103 години и според сите карактеристики е необична баба.
Но, за неа важи познатата: „Не е важно колку години имаш, туку колку ти е млад духот“.
Ова е приказна за Евелин Котман, модерна баба која има Твитер профил, а за својот последен роденден направила и тетоважа.
Кога имала 9 години заедно со својот шестгодишен брат украла „Форд Т“, Станала учителка и веќе на 14 години имала своја училница.
Сака да пие виски, а за својот последен роденден отишла и во казино, се прејала со ракови и си ја направила првата тетоважа.
Таа ги преживеала двете светски војни, гледала кога првиот човек се качил на Месечината, била сведок на многу случувања на планетата во последните 100 години. Кога починал нејзиниот сопруг, нејзината ѓаволеста страна излегла целосно на површина.
На нејзините 103 години, сè уште јаде сè што ќе посака, иако лекарите ја предупредуваат. Последна фикс идеја ѝ била да проба марихуана.
Иако се звучи необично и зачудувачки, дури и воодушевувачки, нејзиниот живот не бил ни малку лесен.
Израснала во сиромаштија на фарма во Северна Дакота, а уште како тинејџерка работела како учителка за финансиски да му помогне на своето семејство.
Ги надживеала и сопругот и своите 3 деца.
Но, она што може да го пренесе како совети и поуки од својот живот се многу мудри мисли кои сите треба да ги следат:
„Сакајте се себе онакви какви што сте“.
„Направете јасна листа на приоритети“.
„Бидете до семејството и грижете се за него“.
„Штедете за црни денови“.