Зошто треба почесто да ја менувате постелнината?

Кога се работи за хигиената, ретко кој размислува два пати за нејзината важност. Се подразбира дека никој не сака да мириса непријатно или да има лош здив.

zosto-treba-pocesto-da-ja-menuvate-postelninata-01

Заради тоа, секојдневно се тушираме, нанесуваме дезодоранси и парфеми, користиме течност за измивање на устата... Но, што се случува во текот на неактивните, ноќни часови?

Дали некогаш сте се запрашале каква е хигиената на вашиот кревет? Колку често би требало да ја менувате постелнината?

Издвојуваме 4 убедливи причини кои ќе ве натераат да ја менувате барем еднаш неделно.

1. Верувале или не, луѓето отпуштаат околу 600.000 честички кожа на секој час. Ако тоа го помножите со бројот на часови кои ги минувате во кревет, тој број се зголемува на околу 4.800.000 честички мртва кожа секоја ноќ. А уште ако постелнината ја делите со вашиот партнер/партнерка?

2. Сега размислете околу ова: Мртвата кожа која отпаднала од вашето тело останала во вашиот кревет. Бидете сигурни дека во овој момент микроскопските бубачки се хранат со неа. Тешко е да се каже што е погадно...

3. Дали некогаш сте го уловиле вашето куче како ја лиже постелнината? Кучињата сакаат солени вкусови, а вашите постелнини се идеални токму заради потта која содржи есенцијална сол. Дури и да не забележувате, таа полека се таложи на чаршафите на кои спиете секоја вечер.

4. За крај, посебно во потоплите месеци, факт е дека во вашата постелнина се впива пот. И ниту еден дезодоранс не ви помага во тоа.

Како да ги избегнете овие не баш најпријатни проблеми? Задолжително менувајте ја и перете ја постелнината најмалку еднаш во неделата.

Ако за момент ви звучи апсурдно и напорно, потсетете се на 4те причини кои од ново ќе ве убедат дека тоа е неопходно.

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg