Најубавите пејзажи инспирирани од бајките на браќата Грим (фото)
Германскиот фотограф Килијан Шонбергер, патувајќи низ руралните предели на Европа, бил толку инспириран од природната убавина на пејзажите кои биле како од бајка, па проектот го нарекол „Патот на браќата Грим“.
Инаку тој е далтониста и не ги разликува црвената и зелената боја. Тоа го прави уште пофасцинантно неговото дело, каде преовладува зелената боја.
Не е потврдено дали навистина овие предели се токму оние за кои се зборува во бајките, но тој сметал дека според напишаните описи тие се најслични и доволно инспиративни со својата мистериозност и убавина.
Израснат е во мало место во близина на шума, па навикнат е главниот одмор и бегање од светот да му биде навечер со фотоапаратот некаде далеку во шумата каде може да забележи интересни и мистериозни места кои тој ги поврзува со бајките на браќата Грим.
Уживајте во мистериозните пејзажи!