Македонските твитерџии се разголеа - #твитеркалендар 2014 (фото +18)
Дел од најпопуларните на Твитер заедницата се фотографираа разголени за #твитеркалендар. Фотосесијата ја направи фотографката Ивана Батев
Целта на овој календар е испраќање позитивна порака за сексуалното здравје и образование.
Собраните средства од одржаната продажна изложба ќе бидат наменети за дел од маргинализираните заедници во општеството.
#Твитеркалендарот се изработува веќе втора година. Лани 12 твитерџики се разголеа пред објективот на Ани и Дими, а годинава дури 25 твитерџии и твитерџики одлучија без срам и без воопшто облека да ги покажат своите тела во пози кои го изразуваат секојдневието.
На овој начин испраќаат порака и за срушените табуа, ослободените мисли и предрасуди.
За некого премногу експлицитни, за други сосем вообичаени, но твитерџиите секогаш тоа го изразуваат на уникатен начин кој може да го прифатите или отфрлите.
Ова е нивниот начин за да ви посакаат Среќна нова 2014 година!