Внимавајте: Трикови кои се служат во рестораните
Можеби сè уште не сте забележале, но многу ресторани, па и пекари или некои ресторани за брза храна се служат со трикови за да ве натераат да изедете или испиете повеќе.
Музика
Нежна и тивка музика, намалени светла ќе ве опуштат и ќе ве расположат за некоја пијачка плус. Алкохолот бара храна, па набрзо ќе посакате да нарачате и некое јадење, па повторно пијалак и се така во круг.
Тоа, секако, им одговара на сопствениците, но никако и на вашите килограми или пари. Исто така, различните ресторани и барови имаат различна музика.
Ако станува збор за пивски барови тука музиката и разговорот мора да бидат поживи, келнерите весели и атмосферата треба да ве понесе.
Мени кое мами
Имињата на јадењата во менито внимателно се одбираат, колку и тоа да не ви се чини така. Не за да бидат интересни, туку за да ве натераат да ги нарачате.
Многу од нив имаат дополнителни зборови како кремасто, домашно, бабино, топло. Но, зад сето тоа се кријат масни и шеќерни бомби.
Ладна температура
Иако тоа не е пракса во сите ресторани, во некои намерно ја намалуваат температурата за да ги натераат гостите да помислат на топли напитоци, топли супи и печени јадења.
Не грижете се, имаат тие многу избори и начини за да ве загреат, но еден од нив сигурно не е засилување на греењето.
Телевизија
Повеќето луѓе имаат навика да јадат нешто или барем да грицкаат додека гледаат телевизија. Затоа во многу ресторани и барови секогаш има неколку телевизори со секојдневни најгледани програми.
Телевизијата го одвлекува вниманието, вие само помислувате на храна, а келнерот е секогаш на вистинското место штом сакате нешто да нарачате.
Колку повеќе сте внесени во она што го гледате, толку повеќе помислувате на тоа колку храна сте изеле.