Доказ дека љубовта е вечна: Неодолива фотосесија за 61 година брак
Прекрасниот пар кој е во брак повеќе од 60 години конечно ја доби фотосесијата која ја заслужува!
Како подарок за нивната 61-ва годишнина, нивната внука Лорен Велс им ја подарила оваа незаборавна фотосесија која прерасна во романтична приказна која го обиколи светот.
Ако ја прашате нивната внука, таа со сигурност тврди дека никогаш не ги извадиле венчалните прстени и се вистинско олицетворение на искрената, чиста љубов.
Пред точно 61 година Доналд и Дороти го кажале судбоносното “Да”, кое за жал тогаш било овековечено со само една единствена фотографија.
Токму затоа, Лорен сонувала да им создаде една ваква колоритна фотосесија полна чувства и емоции.