Што би направиле вие со $25.000 долари? (видео)
Чејси Неистат е продуцент кој вообичаено се вклучува во многу социјални активности, организирани од компании, луѓе и невладини организации нудејќи им да сними видео за нив и нивните потреби.
Често е трогнат од несреќната судбина на некои луѓе и секогаш сака да помогне, но никогаш немал можност да направи поголемо добро дело со кое може да помогне на многу повеќе луѓе.
Поради тоа често чувствувал и грижа на совест што не можел да помогне повеќе.
По некое време случајно бил контактиран од студиото на „20th Century Fox“, кои сакале тој да сними промотивно видео за новиот филм на Бен Стилер „The secret life of Walter Mitty“.
Чејси се поврзал со приказната во која главата цел е остварување на сонот на Волтер Мити.
Токму и за тоа требало да биде видео најавата. Сонот на Чејси бил да им помогне на луѓето кои се жртви на тајфунот Хаијан во Манила. Тоа е единствениот филм кој би сакал да го сними.
Неочекувано, но од компанијата „20th Century“ се согласиле целиот буџет од $25.000 долари да го вложат во ова видео, односно парите да бидат искористени за потребите на луѓето во Манила, кои ќе бидат снимени во видео како најава за филмот.
Чејси веднаш тргнал на пат, контактирал со потребните луѓе, се организирал и со себе го повел само кучето Оскар.
Биле однесени два полни патнички автобуси со храна од која биле спакувани околу 10.000 оброци, биле однесени алати за поправка на штетите во 35 села и во сите медицински организации биле доставени неопходните лекови. Сето тоа со тамошните луѓе било добро организирано и поделено на речиси сите луѓе.
Она што го импресионирало била подготвеноста и организираноста на луѓето чија главна цел била да се обнови и спаси она што останало, да работат и да преживеат, а не да се самосожалуваат.
Видеото било снимено само со неговата лична камера, а целиот буџет бил искористен за помош на жртвите од тајфунот.
Со вака потрошените $25.000 долари кои биле наменети за видеото, Чејси го остварил и својот сон, и на настраданите луѓе во Манила, но успеал да сними и емотивна најава за филмот, според барањето на компанијата „20th Century“.
Погледнете ја приказната во видеото
Што би направиле вие ако добиете $25.000 долари?