8-те најскапи јахти на сите времиња
Ниеден милијардер не е комплетен доколку нема скапа луксузна јахта. Според едно истражување откриено е дека просечен милијардер троши околу $22 милиони долари за јахти.
Откриени и рангирани се според цената, осумте најскапи јахти во светот, кои воедно претставуваат едно од најскапите материјални нешта кои ги поседуваат милијардерите.
1. „Дилбар“, $263 милиони долари
Алишер Усманов најбогатиот човек во Русија ја купил ова јахта долга 360 метри за 263 милиони долари во 2012 година. Именувана е според неговата мајка, милијардерка.
2. „Радиант“, $286 милиони долари
Рускиот олигарх Борис Березовски му ја продал оваа јакна на Абдула Ал Футам, милијардер и дилер на автомобили од Обединетите Арапски Емирати.
3. „Пелорус“, $300 милиони долари
Музичкиот могул Дејвид Џефен ја купил оваа јахта од рускиот олигарх Роман Абрамович во мај 2011 година.
4. „Дубаи“, $300 милиони долари
Јахтата „Дубаи“ моментално му припаѓа Мохамед бин Рашид ал Мактум, шеик од емиратите на Дубаи. Ова била најскапата јахта во светот кога била изградена од Blohom+Voss во 2006 година.
5. „А“, $323 милиони долари
Елегантна и луксузна јахта која е дизајнирана од Филипе Старк му припаша ан рускиот олигарх Андреј Мелниченко, а во неа само бањите чинат околу $40.000 долари.
6. „Серене“, $330 милиони долари
Оваа 440 метри долга јахта ја поседува рускиот дистрибутер на водка Јури Шефлер, а има италијански дизајн.
7. „Еклипс“, $485 милиони долари
Рускиот олигарх Роман Абрамович ја поседува оваа јахта која има и дискотека, киносала, ресторан и специјален ласерски систем кој спречува папараци фотографирање.
8. „Азам“, 627 милиони долари
Најголемата и најскапата јахта во светот е долга 590 метри и ја поседува шеикот Калифа бин Зејнед ал-Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати. Потребни биле 4 години за да се изгради од страна на Ларсен Јахт.