Во Лондон новогодишниот огномет ќе мириса на јагода, а снегот на праска

За дочекот на новата 2014 година небото над британското кралство ќе биде полно со шарени експлозии, но и со најразлични мириси.

vo-london-novogodisniot-ognomet-ke-mirisa-na-jagoda-a-snegot-na-praska-01

Двајца британски стручњаци по кулинарство Сем Бомпас и Хари Пар одлучиле на лондонците за Нова година да им приредат мултисетилен настан, со снег кој мириса на праска, конфети кои се јадат со вкус на банана и црвен огномет од кој се шири мирис на јагода.

На 31-ви декември, кога ќе се спојат стрелките на полноќ, жителите и посетителите на Лондон кои се собрани по должината на реката Темза, ќе доживеат еден сосем поинаков огномет од досегашните.

Целта на Сем и Хари е новогодишната ноќ да ја исполнат со примамливи мириси на овошје и на посетителите да им приредат искуство кое ќе ги разбуди сите нивни сетила.

„Сфативме дека никој пред нас не се обидел да направи такво нешто и помисливме дека тоа би било генијална идеја“, рекол Сем Бомпас за Дејли Меил, додавајќи дека во проектот се вклучени и пиротехничари, стручњаци за вкусови, музичари, инженери и експерти за безбедност и здравје.

„Низ воздухот ќе лебди портокалов меур од кој при пукањето ќе се шири мирис на портокал. Снегот со мирис на праска ќе паѓа од небото, како и конфетите со вкус на банана“, додал Сем.

Оние кои Новата година ќе ја дочекаат дома, ќе можат целиот спектакл да го следат низ директен пренос на телевизија.

„Лондон ужива во репутацијата на град на креативноста и иновацијата, град кој нуди најнеобични искуства. Новиот начин на новогодишна прослава само ќе ја збогати магијата во таа ноќ“, рекол Борис Џонсон, градоначалникот на Лондон.

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Славни мајки чии ќерки воопшто не личат на нив (но ја наследиле нивната харизма) Ќерката на Бијонсе ги „украла“ гените од татко ѝ Џеј Зи и е негова копија, за Ва...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg