Пилот кој спасил 2.000 животни
Пилотот Џеф Бенет во 2008 година волонтирал во азил за животни кога во едно списание наишол на организацијата „Пилоти и шепи“.
Мисијата на оваа организација е волонтерите кои ги спасуваат и негуваат напуштените животни, кои сакал некој да ги успие, да ги превезат животните. Инспириран од оваа приказна Бенет одлучил дека ќе биде корисен во транспортот на животните.
- Бидејќи веќе имав авион и дозвола за управување со него, знаев дека е подобро своето време да го искористам во транспортот на напуштени животни, отколку во чистење на кафезите и така да ја спечам нивната еутаназија - рекол пилотот.
Џеф Бенет всушност е оној тип на волонтери кој им е потребен на организација како „Пилоти и шепи“. Организацијата денес брои околу 3000 пилоти, а нивната цел е да дојдат до бројка од 10.000 пилоти.
Освен слободното време пилотите ги донирале и своите авиони. Донациите кои стигнувале во организацијата го покривале горивото, што многу им се исплатело.
Бенет летал со различни животни, почнувајќи од свињи, морски прасиња, хрчаци, зајаци, желки па сè до вообичаенте кучиња и мачиња. Тој дури има и негови 4 кучиња кои ги спасил и секаде патуваат со него.
Откако превезол 2000 животни за 5 години и со тоа им го спасил животот, Бенет и понатаму е посветен на својата работа и ужива во неа.
Тој често се лути на сопствениците кои купуваат кучиња или мачки, а потоа не знаат што да прават со нив, па ги оставаат на милост и немилост на улицата, а животните на крајот завршуваат во некое од прифатилиштата.
- Збеснувам кога ќе видам колку сопственици не водат сметка за своите миленици и мислат дека тие се нечиј туѓ проблем. За среќа, организацијата „Пилоти и шепи“ води сметка за овие напуштени животни да добијат нов и соодветен дом. – истакнува пилотот.
Бенет во 2009 година добил задача да спаси едно куче и таа акција секогаш ќе му остане во сеќавање. Пилотот добил порака дека еден Бордер Коли е во прифатилиштето во близина на неговата куќа и дека итно му е потребен превоз.
- Го спасив кучето во последен момент со оглед на тоа дека планираа да го успијат. Веднаш договорив превоз и го пренесов во едно семејство каде подготвено го чекаа. Мислам дека никогаш нема да ја заборавам оваа акција – додал пилотот Бенет.