Како една мајка го убеди својот син дека очилата се кул?
Четиригодишниот Ноа Фишер силно заплакал кога неговата мајка му ја соопштила веста дека тој ќе мора секојдневно да носи очила за гледање.
Мислел дека другите дечиња ќе го исмејуваат и ќе смислуваат погрдни надимаци, па затоа неговата мајка Линдзи на Фејсбук започна една активност именувана „Очила за Ноа“.
Фан групата има за цел да собере што повеќе фотографии од самоуверени и успешни момчиња кои носат очила, а воедно изгледаат совршено.
Му реков: „Стави ги очилата,“ а тој почна да плаче. Срцето ми се кинеше. Ми призна дека е убеден дека сите ќе го исмеваат - се потсетува мајката на Ноа.
Тогаш на ум и паднала брилијантната идеја.
„Нашиот драг Ноа штотуку доби очила за гледање и тешко му е да се навикне. Ајде да му покажеме колку всушност се кул!“ беше описот на групата која за само неколку дена собра повеќе од 4.000 лајкови.
Еве ја на кратко животната приказна на малиот Ноа: