Како правилно да ја одржувате зимската гардероба?
Заради составот и видот на ткаенина од која е изработена, зимската гардероба има потреба од посебно одржување.
Постојат неколку начини со кои вашите омилени џемпери, јакни и шалови можете да ги износите неколку сезони плус, а воедно и да го сочувате нивниот првобитен изглед.
Перењето на јакните во текот на сезоната не смее да биде почест од 2 пати во 3-4 месеци, затоа што пердувите може да се оштетат. Ако ги перете во машина за перење, правете го тоа во студена вода и не користите обичен детергент, туку детергенти и додатоци за чувствителна облека.
Најдобро би било јакната да ја исушите во машина за сушење облека, доколку сте во можност, а ако ја немате таа привилегија, секогаш сушете ја на свеж воздух. Не ја затворајте во вашата дневна соба затоа што е потопло.
Џемперите би требало да ги перете на околу 6 носења, а на волнените треба да им посветите малку повеќе внимание. Пред перењето свртете ги на внатрешната страна и перете ги со облека со слична боја. Исперете ги два пати и сушете ги исклучиво на отворено.
Капите, ракавиците и шаловите перете ги најмногу 3 пати во сезона, во машина или рачно, зависно од материјалот.
Волнените палта перете ги 2 пати во сезона, а ако не ги носите пречесто, доволно е само еднаш да ги однесете на хемиско чистење, пред и по завршувањето на сезоната.
Во меѓувреме чувајте ги палтата на отворено и избегнувајте да го држите во гардероберот.