Како изгледа и звучи замислениот инструмент на Леонардо да Винчи првпат по 500 години? (видео)
Интересен инструмент кој претставува нешто помеѓу пијано и виолончело, конечно прозвуче пред публика после 500 години од замислата на Леонардо да Винчи.
Вистинската вредност и звук му ги дал полскиот пијанист Славомир Зубрзички, кој имал голема страст кон уметноста на сите дела на Леонардо да Винчи.
Тој потрошил 3 години и 5000 часа за да го изработи речиси до совршенство со тоа што применил специфична работа и техника за да добие ваков уникатен инструмент и да биде најблизок до замислата на Да Винчи.
Надворешноста му е во боја на темно сино небо, украсена со златни дизајнирани линии од страните.
Внатрешноста е со темна малина црвена боја со изгравирана латинска поговорка со златни букви.
Исполнета е со 61 златна жица, секоја врзана за одделен клавиш на инструментот.
Она по што се разликува од пијаното е тоа што наместо со прави хоризонтални препреки за жиците, овде има тркала кои се вртат и во кои жиците се врзани како на виолината.
За да ги заврти Зубрзички додал педала зад клавијатурата која ја поврзал, така што кога тој ги допира клавишите тие ги притискаат жиците на тркалата и го менуваат звукот кој може да наликува на виолина, оргули или пијано.
Крајниот ефект е звук кој е најблизок на она што го замислил Леонардо да Винчи, а за кој не постојат никакви звучни податоци или снимки, туку само скица на ноти во скрипта пронајдена во неговата Codex Atlanticus колекција која содржи најразлични скрипти и дизајни.
„Немам идеја што би можел да мисли Леонардо да Винчи за инструментот кој го направив, но се надевам ќе биде задоволен“. – изјавил Зубурзички на првиот перформанс на „Интернационалниот ројал Краков пијано фестивал“ во Полска.
Слушнете ја одличната изведба и специфичниот звук на овој инструмент: