Направете сами: Креативни закачалки во вашиот гардеробер
Многумина имаат премногу облека што ја носат, па и таква што не ја носат, но сепак сакаат да ја чуваат во случај да им притреба.
Особено девојките кои покрај основната облека имаат уште цела фиока со марами, ремени, модни додатоци, чорапи на кои никогаш не можете да им го најдете парот и уште мал милион ситници кои ви се расфрлани низ целата соба или за кои ви е претесен гардероберот.
Ви нудиме неколку интересни идеи кои можете и сами да ги направите и да воведете ред во вашиот уметнички расфрлан хаос низ собата. Некои од нив можат да изгледаат и многу креативно, покрај тоа што се практични и корисни.
Искористете го она што го имате дома, како жици, отворачи на лименки, штипки, картонската ролна од тоалетната хартија, дрвената шипка од завесата или нешто што вам ви е неупотребливо, а може да ви помогне за да ги изведете овие идеи и да му дадете нов лик на гардероберот.