Бонтон: Се јавувате на мобилен телефон додека ве послужуваат во ресторан?
Ова е една интересна и необична анкета спроведена на 100 корисници на паметни телефони кои за задача имале да одговорат на неколку поставени прашања.
Прашањата биле поврзани за бонтонот на користење на телефоните во секојдневието.
Погледнете како изгледаат финалните резултати:
- 27% би се јавиле на мобилен телефон дури и кога се во разговор со некоја друга личност
- 19% би се јавиле на мобилен телефон кога ги послужуваат
- 1/3 од испитаниците би се јавиле на телефон додека се во ресторан
- 59% не се сложуваат со користење на мобилен телефон додека гледаат филм
- 17% сметаат дека пишувањето порака во библиотека не е добра идеја
- 88% сметаат дека не е во ред да пишувате пораки додека преминувате улица
- 73% сметаат дека не е во ред да пишувате пораки за време на состанок во ресторан
- 71% од испитаниците сметаат дека е во ред да пишувате порака од тоалетот
- 45% сметаат дека е сосема во ред да се јавите од тоалетот
- 76% сметаат дека е во ред да чекате одговор на пораката, максимум 1 час
- 54% го одобриле чекањето на одговор во наредните 24 часа
Се пронајдовте во листата?