Како да и се одмаздите на девојката која ве изневерила?
Писмото на војникот во кое на својата девојка на фин начин и го возвраќа ударот заради неверство, стана апсолутен хит на интернет и наиде на огромен број позитивни коментари.
Се работи за еден американски маринец кој бил распореден во Авганистан на мисија, а додека војувал добил писмо од својата девојка.
Во писмото таа му објаснила дека спиела со двајца додека тој бил отсутен и дека сака да ја прекине врската. Исто така, пишала дека ги сака своите слики назад.
Маринецот го направил она што секој досетлив дечко би го направил. Почнал да бара фотографии од жените на своите колеги кои не им биле неопходни.
Кога успеал да собере 25 фотографии, ги испратил во плик до неговата девојка. Во писмото допишал: „Не се сеќавам која си точно. Те молам земи ја својата слика, а останатите врати ми ги.“
Не се знае колку е вистинита оваа приказна, но дефинитивно е еден од најоригиналните начини да и се одмаздите на девојката која ве изневерила.