Што е она што секојдневно нè нервира?

Едно истражување на фирмата Wolverine открива кои се работите кои секојдневно се повторуваат и секојдневно нè нервираат.

sto-e-ona-sto-sekojdnevno-ne-nervira-01

Убедливо, на првото место се луѓето кои се туркаат преку ред.

Меѓу топ 50 работи кои нè нервираат скоро секој ден се и нечесното злоупотребување на овластувањата, сообраќајниот метеж и цените на бензините.

Постојат уште неколку, како плукање на улица, непристојни луѓе, чекање на телефон.

Повеќето луѓе ги нервираат и провизиите за вадење пари и лошите возачи.

Во низата на секојдневни работи кои ги нервираат луѓето се и луѓето кои на слободното место во автобусот си ги ставаат своите торби, мрзеливост, доцнење, луѓе кои прекумерно пушат и оние кои неправилно ја користат граматиката, особено во писменото изразување.

Она што може да се забележи кај нас, покрај горенаведените работи, она за што се нервираат секојдневно луѓето се и: чекањето во ред, секојдневните политики, премногу реклами за време на филмовите, доцнење на платите, турканици во јавниот превоз, непрофесионална организираност на настаните, високите цени во такси превозот, турбофолк музика во градскиот превоз, нехигиената низ градот, претекнување на автомобилите, семафори кои не работат, недостаток на места за паркирање и уште многу други.

А што вам ве нервира секојдневно? Можеме ли да ја прошириме листата?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg