Еволуција на женските излегувања во град - од 14 до 29 години

Знаеме дека ништо не е вечно, па и нашето размислување и навики нормално е да се менуваат. Некои работи кои некогаш ни се допаѓале, по некое време може да имаме тотално спротивно мислење и воопшто да не ги разбираме, иако и ние сме поминале низ истото.

evolucija-na-izleguvanjeto-na-devojkite-01

Особено е интересен начинот на забава и како гледаме на излегувањата некогаш и денес.

Зависно од возраста, различни работи ги сметаме за забава и различни работи ни се допаѓаат. Некои работи се универзални и речиси еднакво се менуваат кај сите девојки.

Овде може да видите како идејата за луда забава се менува со текот на годините

14 години

Едвај го чекате петок, завршува училиштето, можете да излезете навечер заедно со другарките или со својата симпатија во кино.

15 години

Навистина не разбирате како луѓето пијат пиво кога има толку одвратен вкус.

evolucija-na-izleguvanjeto-na-devojkite-1

16 години

Пивото не е толку лошо, единствено што не можете сами да го купите, бидејќи сте малолетни, но сигурно ќе најдете некој постар да го направи тоа за вас.

17 години

Прво порано ќе се соберете кај пријателката и малку ќе се загреете со водка. Освен тоа, мора да се нашминкате и да одлучите што ќе облечете. Нема смисла да влезете пред полноќ во некој клуб.

evolucija-na-izleguvanjeto-na-devojkite-2

18 години

Уф, колку ви се врти додека чекате ред за во wc, вистинска катастрофа. Но, токму тогаш може да запознете некој.

20 години

Вечерта мора да отидете до сите популарни клубови, додека не одлучите каде ви е најубаво.

evolucija-na-izleguvanjeto-na-devojkite-4

21-22 години

Овој период веројатно ви е во магла поради најголемите пијанства кои сте ги доживеале во животот.

24 години

Можете вие и сами да си ги платите пијачките и да ги игнорирате сите напорни фраери. Или можеби не?

evolucija-na-izleguvanjeto-na-devojkite-3

25 години

Зарем цел град дошол во овој клуб? Навистина е претопло, некогаш постоеше изолација, а сега е неподносливо. Зошто нема барем шанк - столчиња, бидејќи ве болат нозете. Освен тоа, не ви е јасно зошто се излегува дури во 1 часот по полноќ. Затоа, сега практикувате еднаш неделно излегување со пријателките на пијачка или во некој клуб ако има специјален настан.

26-28 години

Вкусните вечери ви се приоритет. Ќе подготвите вкусна вечера за пријателите со добро квалитетно вино, а следниот ден нема да ви изгледа мачно и хаотично.

evolucija-na-izleguvanjeto-na-devojkite-5

29 години

Веројатно многу ретко излегувате и не паметите кога ви се случило нешто интересно во град.

30 години

Зошто на забава ги викнале и паровите со деца? Навистина ли им рекле да ги донесат и децата?

evolucija-na-izleguvanjeto-na-devojkite-6

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg