Зошто настанува добро познатото дежа ву?

Силно чувство дека нешто веќе сте прeживеале, додека во исто време сте потполно сигурни дека тоа е нешто што претходно не се случило. Звучи познато? Да, се работи за дежа ву, поимот кој сите сме го слушнале и барем еднаш сме го почувствувале.

zosto-nastanuva-dobro-poznatoto-dezavu-01

Што значи оваа чудна појава?

Иако дури 80% од луѓето минало низ дежаву, тие сè уште не знаат да го објаснат. Се случува ненадејно, трае кратко и е невозможно да го иницирате да се случи, па затоа е многу тешко детално да се проучат неговите карактеристики.

И покрај тоа што нема дефинитивни заклучоци, се појавија две неофицијални теории за појавата на веќе виденото.

По првата теорија, појавата дежа ву има силна врска со центарот за препознавање на познатите и преживеани случувања, како и со центарот за враќање на сеќавањето. Иако се наоѓаат во потполно различни делови од мозокот, тие делуваат синхронизирано.

Научниците кои ја подржуваат оваа теорија тврдат дека тоа чувство на веќе видено и проживеано произлегува од импулсите кои не тераат да размислуваме на нашите најдлабоки спомени и сеќавања.

Така што, ако во канцеларијата во која денес работите можете да се присетите и да проживеете нешто веќе проживеано во вашата детска соба од младоста, тогаш сигурно се работи за дежа ву предизвикано од одреден предмет или појава.

Втората теорија се однесува на начинот на кој се обработуваат спомените. По оваа теорија, импулсите кои доаѓаат до нас во моментот на дежа ву, наместо во центарот за краткотрајни сеќавања, се проследени со она долготрајното, заради што се јавува впечатокот дека тоа е нешто веќе видено.

Она во што научниците се сигурни е дека луѓето од 15 до 25 години се склони кон појавата на дежа ву, за разлика од постарите лица. Тоа се оправдува со поактивната работа на младиот мозок, кое сепак некои го сметаат како контрадикторно заради фактот што постарите лица имаат повеќе случки кон кои може да се вратат, отколку младите лица.

Исто така, научниците сметаат дека дежавуто е најдобар начин да се спречат сите проблеми со меморијата или Алцхајмеровата болест.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg