Учете од милионерите: 10 навики на најбогатите луѓе на светот
Богатите луѓе го стекнале своето богатство, помеѓу останатото и така што ги усвоиле навиките и шаблонот на однесување кои им помагаат да го задржат своето богатство.
Еве неколку добри навики кои се заеднички за сите богаташи:
1) Поставете си цели
Луѓето не стануваат случајно богати, тие пред сè си поставуваат цели кои ги водат кон тоа да станат богати. На крајот тие ги остваруваат своите цели.
2) Фокусирајте се на работите, една по една
Богатите луѓе си поставуваат на изглед неостварливи цели, но додека на ум постојано ги имаат тие цели, потполно им се посветуваат на работите кои во моментот ги работат и се фокусираат на нив. Сите тие на изглед обични работи всушност водат кон остварување на примарната цел.
3) Почитувајте го времето
Со оглед на тоа дека бргу мислат и многу работат, овие луѓе немаат време за губење. Тие многу го ценат времето, а кога го трошат на безначајни работи, имаат грижа на совест. Затоа ретко ќе видите богаташ како бесцелно талка по интернет или ги менува ТВ каналите без некоја посебна цел.
4) Трошат помалку одошто заработуваат
Проблемот кај луѓето кои никако не можат да заштедат е тоа што нивните трошоци редовно ги следат нивните примања, па ако примањата се зголемат, ќе се зголемат и трошоците. Луѓето кои стануваат и остануваат богати никогаш не ги трошат своите приходи до крајна граница. Обидете се и вие секој месец да заштедите десет проценти од заработувачката, но немојте да штедите откако сте потрошиле сè што сте заработиле, туку првин одвојте пари за штедење, па потоа трошете го остатокот.
5) Напорно работат
Без разлика дали богатството го стекнале или го наследиле, богатите луѓе по правило вредно работат на негово зачувување или зголемување. Оние со кои тоа не е случај, многу ретко се богати.
6) Постојано учат и растат
Помеѓу богатите важи правилото дека колку повеќе знаеш, повеќе и заработуваш, па моќта на учењето е еднаква на моќта на заработувањето.
7) Се движат во кругот на богати луѓе
Богатите луѓе немаат сиромашни пријатели, а тие кои се дружат со богати, или со оние кои потенцијално ќе бидат богати, и самите еден ден ќе имаат значителен имот.
8) Упорни се
Богатите луѓе едноставно не се откажуваат. Тие можеби не доаѓаат до своето богатство на начин кој првобитно го замислиле, но по сите падови успеваат да се издигнат и на крајот да го пронајдат вистинскиот пат до богатството.
9) Преземаат пресметани ризици
На богатите луѓе ризиците не им се непознати, а кога ќе одлучат да дојдат до нешто, ќе го направат тоа, па макар да подразбира и огромен ризик. Тие знаат колку некоја одлука ќе ги чини и подготвени се на тоа и никогаш не вложуваат само во една работа.
10) Великодушни се
Колку и да звучи контрадикторно, ако погледнете во животите од некои најбогати луѓе на денешницата, ќе видите дека тие се всушност големи филантропи. Листата на овие луѓе е долга, а некои од нив се Рокфелер, Ендрју Карнеги, Бил Гејтс.