10 работи кои McDonalds не сака да ги дознаете
Лошите вести за добро познатиот ланец за исхрана започнаа да се шират неодамна. Имиџот на неговата храна значително е намален, токму заради овие 10 тајни кои излегоа на виделина:
1. Огромна разлика во платите
Разликата на богатството помеѓу директорот и вработените се зголемила за 2 пати во последните 10 години, а вработените сè почесто штрајкуваат за поголеми плати.
2. Маркетинг насочен кон децата
McDonalds константно е мета на критика заради маркетингот насочен кон децата. Всушност, количината на продадени играчки секоја година расте, за минатата да достигне бројка од 1,5 милијарди играчки.
3. Уништување на прашумите
Во 2006 година овој ланец за ихрана беше тужен заради користењето на семки соја кои се одгледуваат на површини каде што некогаш растеле тропски шуми.
4. Искористување на работници
Малите плати на работниците се веќе добро познати, но вистински скандал настана кога сопственик на една франшиза се откажал од работното место заради тоа што имал плата помала од минималната.
5. Опасно кафе
Сигурно ви е познат скандалот од 1992 година, кога 79 годишната Стела се здоби со опекотини од трет степен со ненамерно истурање на кафе од McDonalds, по што тужбите кон McDonalds започнаа да се шират и зголемуваат.
6. Работата се движи во надолна линија
Иако постојано се воведуваат новитети, компанијата веќе не е она што беше. McDonalds во изминативе 4 до 5 години бележи пад каков до сега не доживеал од неговото постоење.
7. Користење на расипано месо
Една кинеска телевизија во 2012 година имаше доказ дека McDonalds користи производи со изминат рок, по што повторно следеа голем број на тужби.
8. Вработените работат за сите празници
Дури и за Божиќ, вработените се принудени на работат со полно работно време, без дополнителен надоместок за прекувременото останување на работното место.
9. Продаваат лоши овесни снегулки
Утврдено е дека овесните снегулки, кои би требало да се здрава храна, содржат иста количина шеќер како и Сникерс чоколадото, односно малку помалку калории од обичниот чизбургер.
10. Некои производи се тотална грешка
McLobster специјалитетот неславно пропадна пред повеќе од 5 години, додека McDLT предизвика контроверзни коментари заради пакувањето од стиропор кое не е биолошки разградливо.