Најтажниот град вo светот: Погледнете како живеат 100.000 сириски бегалци во кампот Затар во Јордан
Сирискиот бегалски камп Затар во Јордан има околу 100.000 жители, продавници, училишта и е еден од најголемите бегалски кампови во светот.
Кампот со површина од 530 хектари основан е во јули 2012 година, нешто повеќе од година дена откако изби граѓанската војна во Сирија, а од 2,1 милион бегалци од Сирија низ Затар досега поминале околу 350.000 до 360.000 луѓе.
Според податоците на Обединетите нации, во Затар, кој се наоѓа на 12 километри оддалеченост од сириската граница, има 13.500 домаќинства, 18.000 камп-приколки и 10.000 шатори од кои населени се 4.000.
Здравствени услуги даваат десетина домови за здравје и три болници, меѓу кои е и едно породилиште.
Во овој бегалски град со 12 окрузи, жителите се снабдуваат во вкупно 2.500 продавници од кои 680 се големи.
Во Затар секој ден се раѓаат околу 200 деца, а отприлика исто толку и умираат секојдневно.
За работата на кампот секој ден се потребни по 500.000 долари, а исто толку се издвојува и за струја.
Разната роба на колички ја разнесуваат околу 1000 момчиња.
Околу 16.000 ученици учат во 3 училишта.
Дневно се делат 500.000 лебови, вода се доставува од 350 цистерни, а отпадните води ги собираат 200 цистерни.