10 ужасни навики кои ги имаат девојките

Секој од нас има некои мали навики кои ни пречат или нервираат, а не е лесно да се избориме против нив. Сè што е потребно е самоконтрола! За тоа дека самоконтролата е поважна од застрашувачките зборови, треба само да помислите колку се иритантни тие навики и дека можете да живеете и без нив.

10-uzasni-naviki-koi-gi-imaat-devojkite-01

1. Грицкање нокти

Како прво, под нив има секакви валканости и бактерии колку и да ги миете рацете. При тоа, го уништувате и убавиот изглед на лакираните нокти. Ако мислите дека тоа ве смирува, подобро околу зглобот на раката имајте гумено ластиче за коса и повлечете го секојпат кога ќе се фатите со прстите во уста. Ако овој метод не ви се допаѓа, тогаш направете надградба на нокти или маникир кој е вистинска уметност, па така нема да ви биде толку лесно да го уништите изгледот на ноктите ако постојано ги гледате и им се воодушевувате.

2. Технологија, технологија...

Не можете да издржите ни една серија реклами во текот на една епизода од омилената серија без да проверите што се случува на социјалните мрежи или без чепкање во телефонот? Всушност, воопшто не можете без сета таа технологија каде и да сте, што и да правите? Едноставен начин за ова е да земете да читате книга, покрај сета насоченост кон компјутерот.

10-uzasni-naviki-koi-gi-imaat-devojkite-1

3. Цигари, газирани пијалаци

Никако не се обидувајте одеднаш да се одвикнете од сè. Ако се одвикнувате од цигари, испијте понекогаш газиран пијалак. Ако се одвикнувате од газирани пијалаци, изедете понекогаш нешто калорично. Не си создавајте нови лоши навики, но кога се трудите да промените нешто не бидете строги кон себе.

4. Јадење благо доцна навечер

Многу е тешко да се откажете од нешто  толку вкусно и слатко, колку и да е лоша таквата навика. За сметка на тоа, преку ден бидете активни и јадете помалку, па без грижа на совест дозволете си да уживате во благото и доцна во ноќта.

10-uzasni-naviki-koi-gi-imaat-devojkite-2

5. Играње со косата

Константното допирање на косата открива голем број други проблеми. Често се сметаат за знак на невиност и ранливост. Стручњаците кажуваат дека играњето со косата се случува кога се чувствуваме несигурно и кога ни е потребно да се опуштиме. Затоа ако забележите дека вртите прамен од косата околу прстот, спуштете ги рацете и длабоко вдишете. Ако не можете да издржите, по разговорот одете во тоалет и ставете ги рацете во коса.

6. Можеби ќе ми треба тоа

Секако, ѕвонарките  изгледале одлично пред многу години и имаа мало навраќање во еден момент, но дали навистина мислите дека повторно би ги облекле? Се разбира дека не, тие само ви го заземаат просторот во орманот.

7. Развлекување по креветот

Можеби не сте знаеле, но ова влијае на вашиот сон, тело и навиките за исхрана. Се вели дека ова е еднакво како да јадете по 4 сладоледи секоја вечер. Затоа штом се разбудите, станете без растегнување во креветот.

10-uzasni-naviki-koi-gi-imaat-devojkite-3

8. Поштенско сандаче

Вистинската стара пошта сè уште постои, затоа не заборавајте да го проверите поштенското сандаче за да не ги пропуштите сметките, иако не ви се пратени на меил или на Фејсбук.

9. Шкафчето за чевли ви изгледа празно

Не затоа што немате што да облечете, туку затоа што не можете да се сетите да ги вратите онаму каде им е местото. Затоа, пред да си легнете приберете ги сите расфрлени чевли низ ходникот и ставете ги во шкафчето. Нека не ве мрзи, гледајте на тоа како одлична вежба за грбот.

10. Помалку вино

Оставете ги големите голтки и количини вино или пиво што ги пиете додека гледате филм, фудбал, додека јадете или разговарате за некои ситуации во кои навистина ќе ви треба поголемо опуштање или време за размислување кога ви поставуваат незгодни прашања. Но, никако не го правете тоа постојано и секојдневно.

10-uzasni-naviki-koi-gi-imaat-devojkite-4

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg