21 знак дека не ви е лесно да бидете дама
Не се сите девојки исти. Некои баш и не го сакаат постојаното дотерување, високите потпетици, шопингот и фустанчињата.
Има девојки кои навистина уживаат во својата слобода да прават што сакаат заборавајќи на разликите и ограничувањата на дамите како понежен и поубав пол.
Сакаат пиво, фудбал, панталони, патики, не знаат да танцуваат или да флертуваат нежно и заводливо.
Ова се неколку знаци кои покажуваат дека малку ви е тешко да се вклопите меѓу вистинските дами.
1. Ова е најдобриот висок кок што знаете да го врзете.
2. Не може да ја нанесете маскарата без отпечатоци. Додека некои трошат часови за да изгледаат како да немаат ставено маскара, се прашувате зошто воопшто се трудите да ја ставите?
3. Не сте сигурни како соодветно да го носите фустанот, многу ви е тешко да не носите панталони во јавност.
4. Носењето високи потпетици влијае на вашата метална способност. Ви треба толку многу концентрација што не можете ниту да зборувате.
5. Лакирањето на вашите нокти со лева рака прави да изгледа како да не сте способни ни четката да ја држите. Подобро е да ја оставите четката на професионалци.
6. Понекогаш заборавате дека носите кратко здолниште, па се наведнувате да земете нешто и ја запрепастувате околината зад вас.
7. Вашите танцувачки движења се толку „воодушевувачки“ што другите ви го оставаат подиумот само за вас.
8. Никогаш не научивте да флертувате заводливо и таинствено.
9. Никогаш не сте сигурни за својот изглед.
10. Не се плашите да кажете како се чувствувате и што ви се прави во моментот.
Уште 11 знаци ве чекаат на следната страна...