Дајте му нов лик на домот со интересни завеси
Реновирањето на домот често знае да не чини прескапо. Но, ако ништо не менуваме станува премногу монотоно и досадно.
Завесите се поевтин начин да направите промена, да внесете свежина, па дури да му дадете нов лик на домот, наместо да го менувате мебелот или бојата на ѕидовите.
Шарени или еднобојни, долги и кратки, како вам ви одговара според уредувањето на собите.
Интересни се и новите завеси во популарниот „омбре“ стил кои ги има во различни нијанси.
Силните бои може да внесат многу поголема светлина и живост во вашиот дом. Не плашете се да направите нешто невообичаено и различно од вашите пријатели.
Со еден потег може да направите вистински погодок и да уживате во вашиот нов дом.