50 кратки совети за готвење од најдобрите светски готвачи
26. Секогаш користете остри ножеви.
27. Почекајте. Никогаш немојте директно да сервирате месо од рерна на маса.
28. За да ја задржи својата боја зеленчукот по готвењето, ставете му малку ладна вода.
29. Откако ќе ги сварите тестенините, наросете им малку пармезан пред да им додадете сос, за да има на што да се задржи.
30. Купете зеленчук на почетокот на сезоната и замрзнете го. Така ќе можете да уживате во него цела година.
31. Кога готвите карфиол додајте малку млеко и сол во водата за да може да ја задржи белата боја. По варењето ставете го под ладна вода.
32. Кога правите домашни плескавици додадете им димена сланина за да го подобрите вкусот.
33. При подготовка на шпаргла посолете ја и зашеќерете ја со еднаква количина сол и шеќер. Нека постои 10 минути, па подгответе ја.
34. Месото пред да го ставите на скара извадете го од фрижидер 1 час порано за да добие собна температура.
35. Колачите сервирајте ги на собна температура и не ги вадете 20 минути пред послужувањето, бидејќи ќе се засушат.
36. За подобро да го исцедите лимонот пред цедењето ставете го 10 секунди во микробарнова.
37. За совршена супа од зеленчук започнете прво со морковот, па лук, пиперка и домат. Прво пропржете ги, па додајте ги во зовриената вода.
38. Како што готвите, истовремено чистете. Така нема да оставите неред околу вас.
39. Гответе со погласна музика.
40. Додека готвите додадете лимон или оцет. Тоа го подобрува вкусот исто како солта.
41. Не бидете премногу строги кон себе со критиките.
42. Не ги критикувајте туѓите јадења. Ако не сте готвеле вие, а сепак сте најадени, тоа е доволно.
43. Јајцата пржете ги на маслиново масло. Во тавата додајте ги дури кога ќе биде навистина врело, за да не ви се залепат.
44. Свежиот зеленчук ќе ви трае барем 4 дена подолго од вообичаено ако го замотате во хартија и го ставите во пластични садови во фрижидерот.
45. За да знаете дека маслото е навистина загреано ставете дрвена лажица внатре и забележете дали се прават меурчиња околу него. Тоа е вистинскиот знак.
46. Користете квалитетно масло. Ако не мириса добро додека е во шишето, нема да мириса добро ниту во јадењето.
47. Гответе почесто. Не чекајте да се научите, само гответе.
48. Рачката на тавата во кујната свртете ја спротивно од вас, за кога поминувате низ кујната да не ја закачите или случајно истурите.
49. Ако ви доаѓаат многу луѓе на ручек, салатата не ја зачинувајте. Оставете секој да ја зачини по свој вкус.
50. Кога купувате месо, нека не ви биде срам да побарате од месарот да ви го покаже од сите страни за да видите дали е свежо.