Што зборува вашата фризура за вас?
Косата не служи само за да го подобрува вашиот изглед и да направи да се чувствувате секси и неодоливо, туку може да го открие и вашиот карактер. Затоа следниот пат кога ќе се подготвувате за некое излегување внимавајте каква фризура ќе направите, бидејќи тоа многу ќе зборува за вас.
Собрана во коњско опавче
Иако повеќето луѓе се уверени дека косата која е едноставно врзана во опавче ги претставува едноставните, нежни и невини жени, стручњаците тврдат дека вистината е сосем спротивна. Собирањето на косата во коњско опавче ја трга косата од лицето и открива силна, самоуверена и сексапилна и особено страсна жена, посебно кога е интимноста во прашање.
Секое влакно на свое место
Жените кои имаат секогаш совршено средена коса, дури и во слободно време, обично се оние кои се опседнати со контролата. Совршениот ред во косата го отсликува секој сегмент од вашиот живот. Ако ја одржувате ваквата фризура, вие сакате да контролирате сè и мразите неочекувани ситуации и изненадување. Спонтаноста не е ваша карактеристика. Кога се во прашање љубовта и сексот, вие точно знаете што сакате и најсреќни сте кога го имате главниот збор.
Природно распуштена коса
Ваква фризура носат вистинските авантуристки. Тие се слободоумни, непредвидливи, спонтани. Се чувствуваат одлично во своето тело, безгрижни се во животот, љубовта и сексот. Многу се страсни и секогаш подготвени да се препуштат на емоциите.
Лабава пунџа
Девојките кои носат ваква фризура се свесни за својата сексуалност она што го сакаат мажите. На овој начин се открива вратот како еден од најсензуалните делови на женското тело, а немарноста при правењето на ваква пунџа открива доза на дивост и игривост. Овие жени го сакаат флертот и не се плашат тоа да го покажат или да го иницираат.
Боб фризура
Поради одредената грижа која е потребна за да се одржува ваквата фризура, лесно може да се заклучи дека се работи за жена која сака ред , организација и дисциплина и која во креветот е по малку досадна. Но вистината е поинаква – оваа фризура ја открива вистинската врата кога се љубовта и сексот во прашање. Вие можеби делувате студено, но оној кој нема да ја одбие вашата студена маска, пријатно ќе се изненади ќе започнат жешките игри.
Кратка коса
Ваква фризура носат бестрашни и храбри жени кои знаат што сакаат и од животот и од врските. Тие се подготвени апсолутно на сè. Не сакаат да го следат мнозинството и оригинални се во секој сегмент од животот. Тешко е да предвидите што можете да очекувате од нив, само очекувајте го неочекуваното.