Сте чуле за езерото Цхаргоггагоггманцхауггагоггцхаубунагунгамаугг?
Можеби кога ќе го погледнете насловот ви се чини како да поминала мачка по тастатурата, па излегол некој чуден збор во кој се употребени 45 букви, меѓу кои најупотребувана е буквата „г“, дури 16 пати.
Но, всушност, тоа е најдолгото име на езеро кое е лоцирано во Вебстер, Масачусец, САД.
Некои од тамошните жители успеваат без проблем да го изговорат целосното негово име, но оние кои не го можат тоа го користат неговото алтернативно име, кое не е многу лесно, но сепак е пократко – Езерото Цхабунагунгамауг.
Оние пак што не сакаат воопшто да се потрудат во изговорот, го нарекуваат едноставно Езерото Вебстер, според името на градот.
Ова име се смета за најдолго име за некое место во САД и за едно од најдолгите во светот. Името е толку необично и проблематично, што дури и на сообраќајните знаци на патот кои упатуваат кон местото има грешки во спелувањето.
Дали вие можете да го изговорите?