Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како возиш - таков си!

Начинот на кој притапувате на возењето зборува многу за вашиот карактер, тврдат научниците од Кембриџ. После исцрпното истражување на стручните...

 

... лица издвоиле две најчести категории на возачи - “инструменталисти“ и “експресивци“.

Двата типа на луѓе се емотивно врзани за своите автомобили, но “инструменталистите“ својот автомобил го доживуваат како “живо суштество“, а “експресивците“ го доживуваат како практично орудие за секојдневната работа, кое служи за полесно извршување на обврските.

Инструменталистите“ често на своите автомобили им даваат имиња, ги толерираат и своите и туѓите грешки воkako-vozis-takovi-si1 сообраќајот и подсвесно веруваат дека кон автомобилот треба да се однесуваш како кон живо суштество.

Емотивни се, понекогаш се меланхолични, но генерално гледано, тие се добри пријатели и верни партнери.

Експресивните“ типови ја гледаат корисната страна на автомобилот, и често бираат посилна машина.

Овие луѓе тешко пристануваат на компромис и доколку побарате да ви го позајмат автомобилот, ќе ви го дадат со тешко срце со “Мрчење“ и со опширни упатства како да го користите.

Рационалноста е нивната главна карактеристика, но знаат да сакаат иако тоа нема никогаш да ви го признаат.

Храбрите возат со една рака

Околу 60% од возачите возат со една рака, а со другата најчесто го држат менувачот. Возењето со една рака укажува на вештина и совладаност на автомобилот, што е најсилна карактерна особина на возачите.

Луѓето кои возат со двете раце на волан се несигурни и плашливи, тешко прифаќаат предизвици и се плашат од непознат терен. Потребен им е заштитник, “водич“ низ животот и многу ретко го искажуваат своето мислење.

Жолтото ги застанува рационалните

Истражувањето покажува дека голем број од возачите попрво ќе поминат отколку да застанат на жолто светло. Во моментите кога треба нешто да се одлучи, луѓето повеќе се грижат за успехот (дека ја поминале раскрсницата) отколку за сопствената безбедност.

Оние кои застануваат на жолто светло, се практични, промислени, рационални и стабилни. Не се авантуристи и не сакаат да ризикуваат.

Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
11 знаци дека сте „црната овца“ во семејството Успесите ви се поздравени со потсмев... „Честитки за изложбата, убаво е да имаш ...
10 вкусни традиционални појадоци од земјите ширум светот Популарниот турски појадок кој вклучува намирници како маслинки, јајца и зеленчу...
Кога дизајнерите ќе претераат со креативност – смешни и неупотребливи предмети (фото) Бизарни украси кои чинат цело богатство и мијалник кој изгледа добро, но ќе треб...
Детали од секојдневието на Бразилците што ќе ве зачудат Доцнењето им е најнормално нешто, а трагите од сончање се знак за убавина – како...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg